Дали би можеле да го замислите Џони Деп како негативец?

Иако се привикнавме на сите можни трансформации на кои овој актерски великан ни се претстави на големото платно, сепак во „Црна миса“, Деп уште еднаш ја докажа својата генијалност. Но, овој пат, како главен негативец.

02

Доколку сте фанови на приказните исполнети со  суровоста и возбудата која мрачните криминални улици ја даваат, тогаш ова е дефинитивно филм за Вас!

Израснати во Саути, во Јужен Бостон, тројца другари завршуваат на различни позиции во своето средновечно доба. Едниот е сенатор, другиот FBI детектив, а третиот озогласен криминалец. Сојузот помеѓу FBI и криминалниот маестро, Вајти Булгер ќе ја симнат од власта на улиците најголемата мафија во Бостон, поставувајќи го самиот Вајти на криминалниот престол. Делумната поддршка од власта ќе го направи Вајти непокорлив.

03

Крвничкото размислување и психопатското делување на овие луѓе не само што ќе Ве заплашат, туку ќе ви предизвикаат морници по телото кога ќе дознаете дека филмот е всушност базиран врз вистинска приказна и дека Булгер дејствувал во не толку далечната 1975та и како некој соработник на FBI, за кратко време станува во првите 10 најбарани криминалци во САД.

Дозволете си 125 минути од Вашето време и погледнете го животот во Бостон при крајот на стариот милениум.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР