Дали можеби размислувате да земете домашен миленик на пр, за мала раса на куче, а не знаете за каква да се одлучите. Би сакале да ви предложиме една преубава раса, која е прилагодлива за чување во домашни услови. Станува збор за “француската кралска бела пудлица”. Пудлицата е многу интелегентно куче и многу брзо учи. Настанала уште во средниот век и многу брзо се доместицирала. Ова кутре воопшто не ја сака самотијата, и не сака да биде оставено само. Благодарение на својата убава градба на телото, којашто е покриена со средно до долго крзно, сопствениците имаат можност по желба да ја обликуваат нивната фризура. Според Меѓународната кинолошка федерација постојат бела, црна, црвена, сребрена и кафена пудла.

Доколку се одлучите да земете вакво куче несомнено ќе направите добар избор, бидејќи ќе добиете вистински добар пријател и придружник.

НЕМА КОМЕНТАРИ