Изложба 1Модната изложба  „Свадбени приказни “ го отвори есенското издание на Моден викенд Скопје , вчеравечер во Музејот на Македонија.

Проектот  „Свадбени приказни“ е во организација на Музеј на Македонија, Европски Универзитет во РМ и Британски совет во Македонија. На отворањето на модната изложба се обратија  директорката на Музејот на Македонија Мирјана Нинчевска, Кендал Робинс  програмски менаџер во Британски совет Лондон и професорката Гордана Вренцоска од Европскиот Универзитет на РМ која ја прогласи модната изложба за отворена.Изложба 2

Студентитеодмоден и графичкидизајн, восоработкасостудентитеоддизајннаентериер и кустоситеодМузејот, наизложбатакоја ќе трае се до 8 ноември ќепретставатдизајнерскираскажаниприказнипрекукоидаваатсвои, современиинтерпретациинаоблеката, текстилот и накитотодлокалнитесвадбенитрадиции.Во  сценографијатасевметнати и експонатиодизложбата „Црвенпетел – црнакокошка“ наМузејотнаМакедонија.

За шминката на моделите од  модната агенција „Подиум“ кои беа дел од изложбата,  се погрижи Анастасија Јордановска во соработка со „Gosh“ а за фризурите Едукативниот центар „Кариера плус“  во соработка со „Lakme“.Ивана Јанева Попов  медицинскиот претставник од  „ Vichy “ кои се официјален дерма бјути партнер на Моден викенд Скопје 12 , пред присутните објасни за важноста на здравата кожа.

На првиот ден од Моден викенд посетителите уживаа
и во киното наречено „Lotus cozy cinema“ во кое беа прикажани кратки модни филмови од програмата „Dressing the Screen“ обезбедена од Британски совет во Македонија.Изложба 4

Ревијалниот дел на Моден викенд почнува вечерва со ревијата на Игор Марков во Музејот на Град Скопје.

Модниот викенд за сезоната есен/зима 2015/2016, под мотото „Мода и културно наследство“ ќе се  држува до 25 октомври во СкопјеИзложба 3

 

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMax Mara со венчаници за кои сонува секоја невеста!
Следна објаваBlack Mass | Криминалот на бостонските улици
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР