Студените денови што ни ги донесе есента значат дека е време за дополнителна нега на кожата. Купечките маски за лице може да ве чинат многу пари, па затоа, ние ви даваме предлог како сами да си направите мошне хранлива маска за лице и тоа од есенски намирници. Тиквата, која е основата на оваа маска, освен што е вкусна и нискокалорична, богата е и со витамини и минерали, како што се каротен, провитамин А, витамин Б и Ц, како и калиум, калциум и железо. А што е подобро и поквалитетно од природното за вашата кожа, нели?

maskaodtikve

Потребни состојки:

  • 1/4 шолја пире од тиква
  • едно јајце
  • 2-3 лажички мед

Измешајте го пирето од тиква со јајцето. Состојките на јајцето ѝ даваат влажност на кожата и ги намалуваат проширените пори. Во ваквата смеса додајте го медот кој благодарение на своите антибактериски својства помага во борбата со акните и воспаленијата на лицето. Маската нанесете ја  на лицето и оставете ја 15-20 мин. Уживајте во благодетите на есента!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо пресрет на студеното време | Tренди капути за сечиј вкус!
Следна објаваМеквиновото порше на аукција во Париз
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ