1352720289729

Коко Шанел, легендарната модна дизајнерка која е позната не само како светска модна икона, туку таа е добро позната и по нејзините практични совети кои ги кажала за животот, посебно наменети за поубавиот пол. “Не ми е грижа што мислите за мене, јас за вас и воопшто и не размислувам”, e една од нејзините најпознати изреки. Таа ќе остане запаметена и како голем борец за женските права, но и равноправност помеѓу половите. Всушност таа тоа и го правела преку својата работа, дизајнирајќи ја женската облека инспирирана од машката гардероба. Со тоа таа ги натерала жените да ја скратат својата коса и да почнат да носат панталони, се со цел да се чувствуваат поудобно. Покрај тоа што креирала гардероба, легендарната Коко е позната и по своите практични совети наменети за дамите, каков став треба да завземат во однос на животот. Ви презентираме некои од нејзините совети!!

1. Секоја жена мора да знае две работи во својот живот!! Тоа се: Што и кого сака во својот живот.

2. Сакале ние или не, во животот на секој маж постои само една жена. Сите останати се само нејзина сенка.

3. Изборот на парфем на една дама, покажува многу повеќе од нејзиниот потпис.

4. Не ми е грижа што вие мислите за мене, јас за вас и воопшто и не размислувам.

5. Ако посакувате да имате нешто што никогаш не сте го имале, а сте го посакувале, треба да направите нешто што никогаш и не сте го правеле.

6. Не постојат грди жени, постојат само мрзеливи.

7. Жената се грижи за својата иднина се додека не се омажи, додека мажот не се грижи за иднината се додека не се ожени.

8. Никој не е веќе млад после 40та година, но секако може да биде неодолив и после тоа.

9. Грижејќи се за својата убавина, најпрво треба да започнете со вашата душа и срце. Во спротивно нема да ви помогне ни најскапата козметика.

10. Староста не не штити од љубовта, но љубовта не штити од староста.

11. Вистинската среќа е ефтина. Ако за нејзе треба да платите превисока цена, тогаш најверојатно се работи за превара.

12. Рацете се визит карта на една дама, вратот нејзина лична карта, додека градите се нејзиниот пасош.

13. Ако сте родени без крилја тогаш не ги спречувате да растат.

14. Драги мои се е во наши раце, затоа не смееме никогаш да ги кренеме и да се откажеме.11_appart_video_large-1024x576

chanel1

original

НЕМА КОМЕНТАРИ