horoskop-mart-631x330ОВЕН

Љубов – Повеќето овнови ќе најдат интересни теми во својот свет на мечтите и така ќе ги прескочат непријатните расправии или пак така ќе ја залажат самотијата.

Работа – На работа се ќе ви оди од рака и ќе работите со леснотија. Што и да работите, сигурно дека и добро ќе се забавувате. Од друга страна пак, за некои теми подобро е да молчите или ги пролонгирате. Најдобро ќе поминат тие кои знаат да балансираат.

Здравје – Следете ја својата интуиција.

БИК

Љубов – Оваа недела ќе дојде до постепено подобрување во вашиот приватен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многу бикови ќе ја обноват врската со некое излeгување на убаво место. И слободните бикови ќе излагаат почесто.

Работа – Не сте свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро, затоа што за тоа сте сопсобни. Потрудете се да го одработите тоа што морате, а потоа посветете се на тоа што сакате. Така ќе напредувате на стабилен и сигурен начин.

Здравје – Некои од вас размислуваат да посетат јога клуб.

БЛИЗНАЦИ

Љубов – Пред вас се убави љубовни денови во кои ќе има многу прилики за зближувања. Вашиот љубовен живот од  ден на ден ќе станува се побогат и повесел. Немојте да седите дома, одете меѓу луѓето, покажете се и уживајте.

Работа – Ви следи обновување на соработка, која со помош на договор, ќе ви стане голем предизвик. Се ќе биде поставено на нова основа и вие ќе треба да се снајдете. Ќе ви треба некое време да се прилагодите. Не брзајте.

Здравје – Добро

РАК

Љубов – Вашиот приватен живот веќе нема да биде толку атрактивен, но нема да биде ни проблематичен. Овие денови нема да се случува ништо интересно. Можеби ќе ви биде малку досадно, но идржете. Не заведувајте по секоја цена.

Работа – Најпосле имате цела слика во врска со работата. Тоа ќе ви го избистри погледот и дефинитивниот план за понатаму. Ќе имате многу контакти и доста работи ќе зависат од вас. Ќе чувстувате тежина од одговорноста но ќе работите добро.

Здравје – Водете сметка како се храните.

ЛАВ

Љубов – Во текот на оваа недела вашиот љубовен живот ќе се подобри, а вие ќе станете помеки и дискретени. Саканата личност ќе ве награди со нежност а вие подеднакво ќе и одговарате. Слободните лавово ќе имаат повеќе додворувачи но нема да има некоја сензација. Се оди тивко.

Работа – Сигурно ќе бидете под некаков надзор на работа, но вие ќе имате сила и нема да посветувате внимание на тоа. Ваков тип на контрола не е пријатен, но ќе се сврти во ваша корист. Заради тоа не се грижете. Вие работете си го вашето.

Здравје – Се повеќе се интересирате за музика како средство за релаксирање.

ДЕВИЦА

Љубов – Овие денови ќе почнете полека да се дистанцирате од партнерот или вашето љубовно расположение малку ќе спласне. Но ќе останете расположени за забава па ќе има и дружења.

Работа –  Ќе забележите дека се замарате и дека ви е потребно два пати повеќе време за работи кои инаку бргу ги работите. Заради тоа потребно е внимателно да ги планирате работните часови и да ја штедите силата. Така ќе биде поефективни.

Здравје – Штедете се и медитирајте.

ВАГА

Љубов – Реалноста и мечтите, секојдневно ќе се вртат во љубовниот живот. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност припишувајќи и карактеристики кои во реалноста ги нема или пак ќе барате нешто невозможно. Било како, ќе бидете среќни и сакани.

Работа – Најпосле ќе ги добиете потребните информации, на чија основа ќе можат да ги оценат вашите заслуги. Некои од вас ќе добијат пофалби а на видик е повисока работна позиција. Свесни сте за своите квалитети.

Здравје – Одете на излет во природа и уживајте.

ШКОРПИЈА

Љубов – Ако се уште сте сами, малку подобро погледнете на личностите во вашата работна средина. Еден повик на кафе, можеби ќе ви донесе пријатно дружење а подоцна и нешто повеќе. Тие кои се во врска, ќе уживаат во сосема обични работи.

Работа – Сè што е поврзано со уметноста, младите, спортот, забавата или театарот, овие денови ќе се активира кај вас. Оние што работат во наведените професии, ќе имаат повеќе работа. Сите останати ќе бидат вистински забавувачи на работното место.

Здравје – Земете здрава храна.

СТРЕЛЕЦ

Љубов – Во текот на наредниве денови, вие ќе влезете во некоја дискретна љубовна врска. Се повлекувате во себе. Слободните стрелци нема да инсистираат на дружења, додека тие кои се во брак се повеќе време ќе поминуваат дома со партнерот.

Работа – Поставивте нови праила  на играта и сега постапувате по нив. Тоа што е напорно, напорно е и немате каде. Прифатете ги новите предизвици со помош на подобро организирање на работата. Така ќе имате повеќе резултати.

Здраве – Повеќе сон и одмор

ЈАРЕЦ

Љубов – Како што одмининува неделата, ќе забележите како вашиот љубовен живот се подобрува. Тоа ќе ве охрабри да бидете поотворени и посмело да им приоѓате на личностите од спротивниот пол. Тие кои се во врска ќе бидат поблиски еден кон друг.

Работа – Работите си доаѓаат на свое место, а вие почнувате да работите потивко и помирно. На вас овој стил и ви одговара. Доста ви е од гужви. Посебно добро ќе се одвиваат работите кои се поврзани со комункации и патувања. Така и ќе бидете ангажирани.

Здравје – Грижете за себе а не за други.

ВОДОЛИЈА

Љубов – Опуштено и пријатно ќе биде во вашиот љубовен живот, оваа недела. Ќе бидете задоволни што мирот се врати повторно во вашата врска. Тие кои се слободни, ќе излагаат во друштво со пријатели, преку кои би можеле да сретнат нова љубов.

Работа – Ќе излезе на виделина нешто на кое долго сте чекале. Тоа ќе предизвика нова сиуација која малку кој ја очекувал. Сите ќе се прилагодат на новата ситуација. Вие ќе бидте личноста од доверба и која оди напред. Рачунајте и на одреден напор.

Здравје – Кондицијата подобрете ја со спорт.

РИБИ

Љубов – Се чини дека полека си доаѓате на себе. Долго време чекавте и сега ја покажувате својата радост. Ви претстојат забави на кои ќе се чувствувате многу пријатно. Во секој случај, не седете дома туку одете помеѓу луѓето.

Работа – Ви претстои подобрување на работното место. Возможно е провокаторите да одат на пат, па на сите ќе им биде полесно. Некои од вас ќе мораат да ги завршат задачите и то ќе ви оди на нерви. Недостаток на вистинска акција, кај вас ќе придизвика монотонија .

Здравје – Ќе ви биде потребно повеќе сон и одмор.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMarchesa ја лансираше колекцијата на чевли за пролет 2016 година
Следна објаваФармерки со реси, станаа апсолутен хит на инстаграм!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ