Заврши модната недела во Париз. Последните денови беа резервирани за некои од најголемите модни имиња на денешнината –  Ellery, Chanel, agnes b, Vanessa Seward, Valentin Yudashkin, Valentino, Junko Shimada, Iris Van Herpen, Shiatzy Chen, Paul&Joe, agnes b, Louis Vuitton, Moncler Gamme, Allude, Miu Miu, Yde, Moon Young Hee. 

Денес ви ги претставуваме трите најинтересни модни ревии кои се одржаа на модната недела во Париз.

 CHANEL

Karl Lagerfeld, колекцијата за пролет/лето 2016 – ‘Chanel Airways’,  ја  претстави така што моделите на модната писта носеа торби за патување, големи наочари за сончање, половери и баскетбол капи свртени наназад, па така го покажаа новиот стил за патување со авион.  Lagerfeld за колекцијата пролет/лето 2016 креираше неколку тексас модели и тоа од фустани до широки панталони. Но не беше се така деловно и опуштено. Препознатливите модели на овој бренд од твид, се украсени со кристални додатоци и волани, додека машните дадоа посебна димензија на женственост. Chanel го изградува својот стил со сребрени платформи и ленти околу главата како и со широки ракавици.

chanel-1 LOUIS VUITTON

На последниот ден од модната недела во Париз, дизајнерот на Louis Vuitton, Nicolas Ghesquière, понуди футуристичка сајбер панк визија за пролет/лето 2016. Отварајќи ја ревијата со две моторџиски јакни, ја продолжи модната ревија во ист тон. Здолништа декорирани со украси од метал, утилитаристачки комбинезони и кроп топови, се главните трендови на пистата на овој бренд. Но вистинската звезда на модната ревија беше кожната јакна! Од класичната црна па се до јакните декорирани со Louis Vuitton знаците и линиите – се се вртеше околу кожата. Пред арај на ревијата можеше да се видат металик фустани и широки здолништа.

louis

MIU MIU

Затварајќи ја модната недела во Париз,  Miu Miu, ја прикажа колекцијата за пролет/лето 2016 која е типичен микс на ретро стилови од 50 тите, па се до глам рок на 70 тите години. Едана работа е сигурна, Miuccia Prada ја имаше повеќеслојноста на ум, кога ја дизајнирала оваа колекција. Од широките капути и големи полувери па се до прозирните наметки кои ги префли преку некои парчиња – се се вртеше околу повеќеслојно облекување. Miu Miu жената, носи чизми на платформи со широка пета или пак, белетаанки со посебни рабови и копчиња.

miu

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативни стикери за магичен изглед на вашите ѕидови
Следна објаваФото на денот | Утро во Мачу Пикчу
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ