Видео – Space X | Патување во вселената

Веќе во 2017 година постои можност за астронаутите да патуваат кон меѓународната вселенска станица со помош на летала на приватни компании. Една од нив е Space X на Елон Муск која е во процес на доработување на внатрешноста на капсулата каде што ќе престојува екипажот. Капсулата “CREW DRAGON”изгледа како од научно-фантастичните филмови, а всучност е опремена како кабина на луксузен автомобил. Во нејзе се наоѓаат седум седиштаизработени од јаглеродни влакна. Погледите на астронаутите се вперени кон управувачката конзола и екраните со бројни информации. Покрај нив ќе има и четири прозорци за разгледување во текот на патувањето, како и клима уред со кој патниците ќе имаат можност да прилагодат температурата помеѓу 18 и 27`Ц степени. Капсулата поседува и безбедносен систем во случај на незгода. Во продолжение погледнете како изгеда внатрешноста на капсулата!!085542interiieer

2

 

2857088200000578-3068674-SpaceX_s_revolutionary_design_uses_eight_Draco_thrusters_on_its_-a-20_1430871679807

DSC_2096-980x651

post-1218-0-71523300-1431991874

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ