Најновото филмско остварување на познатиот режисер Ридли Скот со одлична екипа на актери како Мет Дејмон, Џеф Дениелс, Џесика Честејн, Кристен Виг.

the-martian-2-900x1330

За време на мисија на Марс се случува голема бура и астронаутите мислат дека нивниот колега Марк настрадал. Но, тој преживува и одеднаш се наоѓа сам на непозната и непријателска планета. Исплашен дека нема да може долго да преживее, оставен е да се снаоѓа сам и да се обиде да пронајде начин да испрати сигнал до Земјата дека е сѐ уште таму.

111

Филмот е веродостојна адаптација на истоимениот роман. Одличен за сите авантуристи и љубители на научна фантастика. Според критичарите, ова е едно од најдобрите остварувања на Скот во последниве години.

Ако сакате возбудливо сценарио надополнето со одлична фотографија и ефекти, ова е филм за вас. „Марсовец” е филм кој ги прикажува способностите на човештвото разумно да се справи со проблемите на денешницата.

Погледнете го трејлерот во продолжение.

СПОДЕЛИ
Претходна објава11-ти Фестивал на новиот германски филм
Следна објаваВидео – Space X | Патување во вселената
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ