Четири драми од Андоновски на хрватски

Не е тајна дека авторите кои се квалитетни се впрочем, преведувани на повеќе јазици. Не е тајна дека во Македонија се преведуваат повеќето од популарните комерцијални наслови, како и тука и таму по некој квалитетен наслов како уникатна понуда од поедини издавачки куќи; се` со цел да се задоволат читателските апетити на македонската читателска публика.

Патем, не е тајна исто така дека и горенаведените факти се парадоксални, дека во Македонија е реткост да се читаат квалитетни книги затоа што од пред неколку години, помодарскиот тренд да се чита без разлика на наградуваност, квалитет и задоволување на критериумите е се` уште во подем. Но сепак, ќе се вратиме на фактот дека мора да се бакнат многу жаби пред да се пронајде принцот – односно, да се прочитаат многу книги пред да се пронајде сопствениот стил.

Следува новост од издавачката куќа Табернакул: неодамна, во издание на Друштвото на хрватските писатели, во едицијата „Мала библиотека“, излезе на хрватски од печат книгата Генетика на кучињата, со поднаслов „Избрани драми и комедии“ од Венко Андоновски. Книгата има 314 страници. Станува збор за колекција од четири драми на Андоновски: „За секого има по една“, „Олово на перница“, „Граница“ и „Генетика на кучињата“, сите во превод на хрватскиот македонист, проф. д-р Борислав Павловски. Книгата е збогатена и со поговор на 33 страници, од истакнатиот хрватски театролог Мира Мухоберац. Покрај констатацијата дека станува збор за еден од најпознатите македонски писатели во последниве две децении, Мухоберац истакнува дека во драмите на Андоновски се открива еден „новосфатен свет, македонски, балкански, европски, егзистенцијално вечен, еден универзум скаменет од политика и црнила, кој можните љубов и слобода ги претвора во трпење и мака.“

1.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен хороскоп од 05.10. – 11.10.2015 година
Следна објаваЗапознајте ги убавините на Шкотска
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ