Запознајте ги убавините на Шкотска

Ви ги презентираме местата кои мора да ги посетите ако патувате во Шкотска. Со својата живописна природа Шкотска е земја на контрасти, почнувајќи од необичните карпи, непристапни предели, остри планински врвови и кристално сината морска вода. Богатата традиција и прекраснита стари дворци на оваа убава земја секојдневно привлекуваат огромен број на туристи  и посетители ширум светот. Следниве неколку локации едноставно мора да ги посетите ако патувате во Шкотска.

1.Village Garenin

Селото Гаренин е мало селче кое брои десетина стари традиционални куќички кои штосе обновени и во кои престојуваат туристите и посетителите. Тие можат да го почувствуваат автентичниот шкотски дух во овој прекрасен предел. Се смета дека ова село е едно од најубавите и најдобро сочувани места на Британскиот Полуостров.2302022597_8e16109b5d_b

luskentyre

main12

2. The Old man of Hoy

Во Оркнискиот архипелаг до морето се издигнува величенствена карпа од 140 метри. Позната е под името “Old man” и претставува вистинска атракција. Оваа знаменитост претставува вистински предизвик за љубителите на алпинизмот кои сакаат ваквов вид на предизвици. Првиот (BASE JUMP), најекстремната падобранска дисциплина е изведена токму тука во 2008 година од страна на Roger Holmes и Tim Emmet.1718865

3. Luskentyre, Harris Island

Плажата Luskentyre се наоѓа во западниот  дел од островот и едно од најубавите места на светот. Водата е е кристално сина, а плажатае со ситен песок. Посетителите можат да уживаат покрај во живописниот пејсаж и во многу други авантуристички активности како что се нуркање, кајакарење, рибилов, капење и други активности._62577640_harris

luskentyre_SouthHarrisRS-June 2013-small

4. Fingal Cave

Fingal Cave е мистериозна пештера лоцирана во резерватот STAFFA. Структурата на оваа пештера е сосема необична, се состои од хексагонални споени базалтни столбови кои настанале од вуланската лава. Стаоседелците во Шкотска ја нарекуваат и мелодична карпа поради ехото од морските бранови кои се слушаат во неа. Овие звуци ви создаваат чувство како да престојувате во катедрала. Пештерата била инспирација на голем број на уметници, писатели и композитори како на пример; August Strinberg, Felix Mendelssohn и Pink Floyd.6-Fingals-Cav

68

108508672242019660Fm8YPyQ6c

fingal039s-cave-photo-fingal039s-cave-is-part-of-a-national-nature-reserve-managed-by-the-national

Fingals Cave 03

Драги наши читатели, можеби ви дадоме идеја за вашата следна дестинација! :)

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧетири драми од Андоновски на хрватски
Следна објаваИзвонредна програма на Скопје Џез Фестивал
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Нејзина омилена изрека е "Смејте се, ништо не е повредно од насмевката".

НЕМА КОМЕНТАРИ