Атмосферата на модната недела во  Париз се загрева од ден на ден, а модните колекциите се доказ, зошто баш париските дизајнери имаат завиден статус, во кој уживаат.

Познати имиња, секако не недостасуваат, а дизајнерите кои што ги гледаме во богатиот париски распоред се: Loewe, Chalayan, Issey Miyake, Julien David, Christian Dior, Isabel Marant, Undercover, Andrew Gn, Lutz Huelle, Balenciaga, Yohji Yamamoto, Junya Watanabe, Haider Ackermann, Veronique Leroy, Mugler, Acne Studios, Elie Saab, Vivienne Westwood, Comme des Garçons, Rahul Mishra Nina Ricci и Olympia Le Tan.

 DIOR

Со Диоровата колекција за пролет-лето 2016 година, креативниот директор Raf Simons  направи вистински нежна и транспарентна атмосфера, со бледо пастелните парчиња од шифон и органза. Дизајнерот ги спои  исконската јакна на брендот со женствени фалтички, префлајќи карирани палта и така создавајќи нова дефиницоја на слоевитост.

dior (1)

 MUGLER

David Koma ja побара инспирацијата во војничките униформи за колекцијата на MUGLER за колекцијата пролет/лето 2016, презентирана на петтиот ден од париската модна недела.  Модната ревија ја отвори со наутички изглед во бела и темно сина боја, украсена со копчиња и асиметрични кроеви. Се се врти околу фустани кои ги нагласуваат линиите на телото и панталони со впечатливи изрези. Понатаму можевме да видиме и кратки здолништа, во војничко зелената боја со богати украси. И на крај сексепилот дојде до врв, со топови како градници и пантолони со висок струк.

mugler (1)

ELIE SAAB

Со главен фокус на дневната облека, Elie Saab колекцијата за пролет/лето 2016, ја претстави со малку понаков пристап од своите традиционални. романтични модели но достојни за секого на црвениот тепих. За прв пат видовме бомбер јакна на неговата писта! Моделките Gigi Hadid и Kendall Jenner на пистата се појавија со пругаста и во силно црвена бомбер јакна. Од друга страна, не воодушевија топовите врзани со врвци и марами кои создава исклучителен шик ефект. Секако дека ги видовме и вечерните фустани во монистри, цвени и пругасти таолети.  Kendall Jenner ја затвори модната ревија носејќи црн комбинезон, украсн со палета од монистри и феноменален транспарентен шал. Совршено!

elie (1)

BALENCIAGA

Последната колекција која ја направи за брендот Баленсијага, креативниот директор Alexander Wang, инспирацијата ја најде во долниот веш, создавјаќи романтична линија во смирена палета на бела и кремаста боја. Во оваа модна линија, жената изгледа нежно и лесно како пердув, во сезоната пред нас.

Посветувајќи му се на својот бренд, Ванг си оди од Баленсијага, но ние сме сигурни дека го чека светла модна иднина.

balen

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДухот на Тоскана скриен во преубав хотел
Следна објаваНеделен хороскоп од 05.10. – 11.10.2015 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ