Модната недела сега се сели во Париз, и со нетрпение чекаме да ги видиме колекциите на модните куќи како што се Chanel, Givenchy, Lanvin и други … Но, пред целосно да му се посветиме на Париз, ви ги прикажуваме најдобрите модни ревии од последните  денови од модната недела во Милано.
Со прекрасна колекција на Giorgio Armani и DSquared2, последните денови од Милано, воодушевија и Dolce & Gabbanа, Moschinо, Missoni, Versace i Robertо Cavalli.

GIORGIO ARMANI

Под името ‘Fil Rouge’,  Giorgio Armani ja претстави својата колекција за пролет-лето 2016, на последниот ден од модната недела во Милано. Италијанскиот дизајнер во колекцијата вклучи голем број на црвени тонови – од огнено црвена па се до пригушени ombre ефекти. Широки панталони во релаксиран стил, енергична линии и нежна слоевитост, се главните карактеристики на Армани, за оваа сезона. Играјќи си со транспарентност, Армани преку свилата префрла проѕирни  ефекти и добива сосема нов графички изглед. Од додатоците кај Армани, имаше големи капи, шарени сандали со полна пета и квадратни торби. Што се однесува до вечерната облека, светлуцавите парчиња се голем хит и во нијанси на црвена и сина боја

armani-1

DSQUARED2

Dean i Dan Caten, се дизајнери на DSquared2, и создадоа колекција на висока мода за сурферки на модната недела во Милано. Моделките како Alessandrа Ambrosio, Carolinа Trentini i Mariacarlа Boscono, се најдоа на пистата во разнобојни изгледи на “body-con” фустани, во стилот за нуркање и воздушести ткаенини. DSquared2 девојките, носеа шарен накит, изработен од плексиглас и совршени фризури т.н. со “мокар-влажен” изглед.

dsq

ROBERTO CAVALLI

За својата прва колекција под брендот Роберто Кавали, креативниот директор  Peter Dundas, инспирацијата ја побара во осумдесеттите години. Вриениот тексас, силни пастелни бои и карираните јакни го вратија ретрото на модната писта.  Дефинитивно, голема промена од типичниот boho, рокенрол стил, кој со години го врзуваме за Кавали. За финалниот изглед, избраа големи волани со “body-con” силуета и детали од тантела.

cavalli

MISSONI

Angela Missoni во оваа колекција работела на основите на есецијалните парчиња. Веќе добро познатите Missoni ленти и цик-цак шеми, дојдоа до израз во долгите туники, широките панталони и предимензионирани џемпери. Missoni покажа две тенденции со костимите за капење. Големи обетки и шамии врзани околу вратот, како и убиствени сандали но и Missoni x Converse патики кои беа дефинитивно најдобриот моден додаток на колекцијата.

missoni

VERSACE

Версаче супер Глам божиците, ја покажаа нивната внатрешна воинственост за време на презентацијата на колекцијата за пролет-лето 2016 година, во веќе познатите тесни, “body-con” блескави фустани. Тие и овој пат најмногу се истакнаа, но сега им е додадена нова структура со инспирација од војничките јакни и преголемите капути. Далеку од типичните воени зелени бои,  Донатела Версаче понуди шарени отпечатоци – леопард точки кои се наоѓаат на мини фустани и на некои дневни парчиња. Овој пат, Версаче за крај не ги остави долгите глам фустани, туку на пистата излегоа моделите Gigi Hadid, Natasha Poly и Raquel Zimmermann во шарените мини-фустани.

versace

DOLCE & GABBANA

Дизајнерите на Dolce & Gabbane, Domenico Dolce i Stefano Gabbana, напишаа љубовно писмо на Италија со својата колекција за пролет-лето 2016 година. Инспирирани од 50-тите години, модната писта, се исполни со женствени фустани, кои станаа синоним за овој бренд во последните неколку години. Таканаречените “пижами” парчиња беа, исто така, еден од фаворитите. Цветните дезени или ленти, совршено ги красат широките панталони,  додека венците од цвеќе или марами, послужија како врвен моден додаток. Но не се вртеше сè околу ретро гламурот.  Долче и Габана,  додадоа и инфузија на модернизмот на модна писта, па моделите правеа самослик за време на прошетката по модната патека, која потоа се појавуваше на големото платно.

dolce

MOSCHINO

Внимание! Жени на работа! За Москино пролет / лето 2016 година, дизајнерот Џереми Скот, инспирацијата ја пронајде на градилиштата, и сите светли бои се поврзани со знаците на опасност. Ако има дизајнер кој не се плаши да ризикува, тоа е секако Џереми Скот. Овој пат тој ги испрати моделите на писта носејќи жолти предупредувачки ленти и портокалови елеци за сообраќај. Во втората половина на ревијата, видовме фустани со реси и пердуви и силуети од 60-тите. Без оглед колку оваа колекција е забавна, нам ни се допаѓаат модните додатоци. Капи и шешири кои личат на заштитни шлемови и чанти, украсени со предупредувачки знаци кои наскоро ќе ги носат трендсетерките низ целиот свет.moschino (1)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВисоки потпетици | Симбол на елеганцијата
Следна објаваГрадот Ushguli | Живот над облаците
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ