Неделен Хороскоп од 28.09 – 04.10.15

Purple-BG2

ОВЕН

Работа – Атмосферата на работа во текот на оваа недела ќе биде напната, повеќе од веројатно е дека ќе има меѓусебни обвинувања и префрлувања за грешки и одговорности. Во секој случај, сватете дека е неопходно да го сочувате потребниот мир и здрав разум,  за да ви помогне полесно да минете низ сето тоа.

Љубов – Слободните овнови, ќе имате одлична можност за вас. Сосема неочекувано , ќе бидете занесени од личност со голем шарм. Мислите дека лицето кое сте го запознале е подобро отколку што навистина е, но подоцна може да се разочарате.

Здравје – Доста напорна недела на психички и физички план. Ќе ви биде потребно многу повеќе одмор.

БИК

Работа – ќе бидете изненадени од понуда за нова работа или за експанзија на постојаната.

Љубов – оваа недела ќе бидете свртени кон себе и своите уживања, а помалку кон домот и семејството кои имаа примат во минатиот период, во уредување на домот. Тие кои се во брак им претстои кавга со децата или заради нив, а во слободните врски несогласувања заради различни погледи на бракот или избегнување на оваа темa, која веќе подолго време се наметнува. Повторно воспоставувате контакти со поранешните партнери.

Здравје – сосема добро, новите активности во домот ви го креваат адреналинот и ја мобилизираат физичката активност.

БЛИЗНАЦИ

Работа – претстојат конфликти со колегите. Поволен период за подигање на кредит,  доколку недвижнините се мотив.

Љубов – Jупитер ви нуди се најубаво, најголемо и голема активност во домот. Уредување на ентериерот или работа со недвижнини. Но, од средината на неделата партнерот го ремети редот и воопшто не ви помага со советите кои делуваат на вас, ве ограничуваат. Нешто подобро во слободните врски кои се свртени кон забава, додека брачните партнери ги заоструваат релациите до точка на вриење.

Здравје – внимавајте на настинки.

РАК

Работа – на овој знак му тргна со работата и паричните средства се зголемуваат. Вистина е дека оваа работа не е таа која би сакале да ја работите, но сега не сте во ситуација да бирате. Сите работи кои подразбираат комуникација, трговија, сообраќај ви носат приходи во овој период.

Љубов – партнерските, брачните односи се напнати, посебно на почетокот на неделата во вторник. Ова незадоволство може да ескалира во вид на конфликт на работа.

Здравје – проблеми со грлото

ЛАВ

Работа – тргате во акција за заработка преку странска фирма или во странство. После долго време, Ви пристигаат конкретни приливи, но се уште без континуитет, посебно во вторник, можни се грешки во комуникацијата.

Љубов – слободните претставници на овој знак ќе запознаат многу интересна и образована личност која силно ќе ги привлече, додека тие кои се во брак им претстои зајакнување на љубовта и силно либидо.

Здравјето – потребен ви е одмор

ДЕВИЦА

Работа – во вторник, неочекувана ситуација може на момент да ја вознемири вашата самодоврба за вашите способности.  Финансиите се поволни и ве очекуваат неочекувани приливи на пари.

Љубов – влегувате во исклучително поволен период, радосни вести за родителство или пак размислувате за тоа. Слободните представници на овој знак, лесно воспоставуваат контакти со странци и им се отвораат нови прилики за дружење и контакти.

Некои девици кои се во кратки емотивни врски, ќе посакаат да влезат во брак и ќе го објават тоа. Во полето на домот – разговори со родителите оклолу недвижности и обрски кон нив.

Здравје – добро

ВАГА

Работа – ве мачат нејасни околности, не знаете што колегите бараат и мислат за вас. Треба да го прославите овој роденден многу порелаксирано, по три години финасиски лимитирани. Моравте да се занимавате со долгови, носејќи проблеми во односите со колегите и во домот, генерално. За тие кои работат во тим, на  работа ќе запознаат личност со која лесно ќе воспостават контакт, што не е типично за вагите.

Љубов – пријателствата прераснуваат во врска во овој период . Вагите водат таен живот, веќе некое време. Внимавајте!

Здравје – сменете го докторот

ШКОРПИЈА

Работа – ви претстојат ненедајено добри деловни понуди кои можат кариерата да усмерат кон одличен напредок. Совет -пријателството, финансиите и работа не ги мешајте заедно.

Љубов –  од пријателство и дружење може да се изроди сериозна врска, за која шкорпијата мечтае. За тие кои се во брак и сериозни, врски работите течат подмачкано.

Здравје – проблеми со мускулите, затоа одмерете повеќе.

СТРЕЛЕЦ

Работа – полето на кариерата и парите оваа недела ќе бидат одлично врзани, следат финансиски приливи. Ќе учите за работи за кои што сте мислеле дека одлично ги знаете. Ви следат трансформации.

Љубов – слободните припадници на овој знак, оваа недела на секој чекор ќе наидуваат на понуди кои ќе им се чинат неадекватни. Тие што се во брак ќе размислуваат за поранешните врски и за тоа што пропуштиле.

Здравје – вежбајте

ЈАРЕЦ

Работа – полето на кариерата се уште трпи, па тоа се рефлектира на сите сегменти на живеењето. Јарците кои долго чекаа на решавање на судски спорови, најпосле ќе добијат одговор. Финансиите се уште стабилни, благодарејќи на добрите финсиски примања на партнерот, кој е силна подршка на јарецот во овој период.

Љубов – партнерот ги превзема поголемите оврски за да ви помогне.

Здравје – пад на имунитетот

ВОДОЛИЈА

Работа – мал конфликт и недоразбирање со претпоставените и воопшто на деловното поле.

Љубов – со брачниот партнер –  постојани игри на криење во врска со реалната ситуација и финансиите. Нема да ја имате подршката од партнерот на тоа поле. Слободните претставници на овој знак, како и тие кои се во предбрачна врска,  многу време ќе губат за стари нерешени прашања и разговори кои никаде не водат.

Здравје – од крајност во крајност

РИБИ

Работа – работата врзана со странство, ви е добро позиционирана. Неочекувани добитоци и поволно поставено поле на финансиите. Посебна подршка од партнерот во реализација околу некоја деловна работа.

Љубов –  долгите врски ќе прераснат во брак, додека тие кои се во брак, ќе се занимаваат со  уредување на домот,  можеби и вложување во некретнини.

Здравје – пад на имунитетот

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто да правите кога надвор врне дожд?!
Следна објаваПосетите го оригиналниот филмски град на “Господарот на прстените” и “Хобит”
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ