Верувале или не, и најздравите видови на храна можат да имаат спротивен ефект, за време на диета ако не се подготват на одреден начин, како и дали се јадат во погрешно време. На пример, цитруците, не се препорачува да се јадат во вечерните часови, а студените житарици за доручек. Одредени видови на храна во утринските часови, телото не го препознава како енергија, туку како масти. Прочитајте за да дознаете што треба да се јаде, а што да се избегне, ако сакате да изгубите некој килограм.
1) Леб со цели зрна – Иако тој е поздрав избор од белиот леб, внесување на многу јагленохидрати, вклучувајќи леб со цели зрна, може да резултира со покачен инсулин, кој може да биде штетен по долгорочното здравје.
2) Студени житарици – ако јадете житарици без млеко или јогурт, не е тоа најсреќниот избор за вас, така што можете да изедете цела кутија, без да да почувствувате. Само кога ќе бидат наточени со саканата течност, добиваат на тежина и така можат да ве заситат.

hrana-page1

3) Овошје – Ако сте гладни, овошјето не е добар избор! Заради овошниот шеќер кој ќе ви го отвори апетитот, затоа е подобро да се задржите на цедени сокови.
4) Јогурт – Јогуртот со малку маснотии е добар избор за појадок, но нема да ви ве задоволи ако немате нешто со него –  да се џвака. Препорачливо е во јогуртот да додадете малку сецкани ореви или бадеми.

hrana-page2

5) Зелен смути пијалок – Популарна замена за топол оброк се различните пијалоци смути, тие не се најдобар избор, бидејќи наместо јадењето да го џвакате вие го пиете, и така имате чувство на ситост.
6) Салати – Салатата е одличен избор, но не и ако не е избалансирана! Треба да се внесе во неа малку протеини и здрави масти.

hrana-page3

 

7) Суши – Слатките мали залачиња изгледаат како нешто што не може да не засити но сепак ќе успее. Се прашувате зошто? Бидејќи со еден суши можете да внесете и до 500 калории! Затоа пак, во  јапонски ресторан порачајте мисо супа или салата со ѓумбир.
8) Замрзнат јогурт – Секако е подобар избор од сладоледот, но сепак содржи шеќер. Ако веќе не можете да го избегнете, како додаток изберете свежо овошје, но не земајте многу, затоа што различните вкусови стимулираат глад.

hrana-page4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваTakashi Yasui | Убавиот живот во Јапонија
Следна објаваКујни поради кои ќе посакате да готвите!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ