FWSK-AW1516

Под мотото „Мода и културно наследство “, ќе се одржи дванаесеттото издание на Моден викенд Скопје , од 21 до 25 октомври во Музејот на Македонија, во Старата скопска чаршија. Модното случување за сезоната есен/зима 2015/2016 година, ќе биде во духот на традицијата и модата како портрет на времето . Културното наследство е еден од најзначајните сегменти од македонската историја и сведок на нашиот идентитет.

Оваа есен, безвременска традиција ќе ја однесеме на рандеву со нескротливата модна приказна. Ќе ги собереме на дружба различните епохи и спомени, убавините низ годините со оние кои не очекуваат. Моден викенд Скопје оди во нова, безвременска приказна. Имиџот кој ќе ја претставува сезоната, има за цел да ја илустрира неминливоста на нашиот изворен идентитет и неговата важност како инспирација за создавање на дела од трајна вредност во сегашностаНиз современо толкување на традиционалните македонски шари и орнаменти, дизајн решението ја симболизира идејата дека стоејќи зад нашата традиција, го прошируваме и зацврстуваме културното богатство за генерациите кои доаѓаат.“, вели Јована Зука која го потпишува концепт-дизајнот за визуелниот имиџ.

Во рамките на Моден викенд Скопје , ќе се одржат ревии, изложби, модни перфоманси и забави на неколку локации во градот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPorsche Mission E | Моќникот од иднината
Следна објаваДобредојде есен!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР