New York Fashion Week | Топ 4 трендови за пролет 2016 година!

Модната недела во Њујорк заврши, па да направиме мало резиме. Кои се трендовите кои ги видовме на модните писти во Њујорк, што можеме да очекуваме за пролетта  2016 година и каква облека ќе носиме следната сезона?

Судејќи според тоа што го видовме на модните ревии, ќе имаме многу модели со фалтички, линии и многу други трендови. Ние за денес одбравме топ 4 трендови, кои од сите видени ни оставија посебен впечаток, делумно заради својата едноставност и носивост, а делумно затоа што ја потенцираат женственоста. Едвај чекаме да ги видаме идната пролет, во интерпретација на познатите high-street брендови.

slip

1, Слип фустаните се вратија!
На модната недела во Њујорк, многу дизајнери инспирирацијата за пролет  2016 ја пронајдоа во долната облека. Од свилени огртачи до топ-градници, очигледно брендовите на ум ја имале спалната соба, кога размислувале за претстојната сезона. Едно парче кое посебно се истакна е слип фустанот што се лизга по телото, кој својот голем момент го имаше уште во 90-тите.

pruge

2. Фантастични линии
Без разлика дали сакате наутички принтови или претпочитате шарено, линиите беа голем тренд на модната недела во Њујорк за пролет-лето 2016 – од вертикални до хоризонтални, многу дизајнери се одлучија за овој графички изглед, во создавањето своите колекции.

cvjetno

3. Црвено секси цвеќе

Цвеќињата се секогш трендовски кога станува збор за пролет-лето сезона, но во 2016 година многу дизајнери одлучија да создадат црвени цветни примероци со големи три-димензионални цветови. Наместо пастелни, следната сезона ќе се носат моќни и женствени цветни принтови.

fald

4. Прекрасни фалтички
Друг тренд кој апсолутно вледееше на модните писти во Њујорк, за сезоната пролет 2016 година се – фалтичките. Можеби изгледа старомодно, но овој пат дизајнерите ги направиле извонредно модерно, па фалтичките се направени помали за сосема нов, микро ефект. Следната пролет ќе видиме многу фалтички!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Ibiza House” – спој на рустикален стил и модерни детали
Следна објаваPorsche Mission E | Моќникот од иднината
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ