Станува збор за престолнината на Холандија, Амстердам. Ви презентираме неколку интересни факти за овој интересен град којшто го посетуваат и до 20 милиони туристи годишно. Четвртина од територијата на Холандија се наоѓа под нивото на морето. Најниската точка на Амстердам е 6-7м под нивото на морето, па дури и аеродромот “SCHIPOL” е под нивото на морето за цели 4м. Градбите во Амстердам се направени така да тие лежат на дрвени столбови долги и до 20м. Овие столбови се поставени и до 11м длабоко во земјата. Типична амстердамска куќа е изградена од околу 10 дрвени столбови, а целиот град лежи на околу 11 милиони столбови. Амстердам најчесто го нарекуваат “Венеција на северот” поради фактот што тој брои повеќе канали од Венеција. Вкупно 165 канали се протегаат долж Амстредам, а 128 од нив се споени со мостови. Кога се мери по број на музеи Амстердам е на самиот врв бидејќи брои дури 51 музеј.  amsterdam2_1По многу нешта холандската престолнина е на врвот на листата. Една од нив е дека тој е прогласен за најбезбедниот град во светот, со што посетителите и туристите може слободно да уживаат во својот престој во Амстердам. Интресен е фактот  е  дека жителите на Амстердам се најголените уживатели на кафето. Тие во просек пијат и по 4 шољи кафе, што е 140л на годишно ниво. Во продолжение уживајте во убавите пејсажи на холандската престолнина!!

Amsterdam-25391

amsterdam-super-saver-zaanse-schans-windmills-delft-and-the-hague-day-in-amsterdam-115705

AMSTERDAM-Netherlands-1_0

inntel-amsterdam-bigheader1

beautiful Amsterdam , canals in downtown

amsterdam-nightlife-MAIN

vq0Nulu

amsterdam-christmas

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР