Moдниот бренд Marchesа е познат по своите прекрасни романтични фустани, а деновиве ја лансираше новата колекцијата на чевли за наредната година. Во вистински стил Џорџина Чепмен и Карен Крег, креираа чевли достојни за вистински принцези во рококо стил, со  чиста елеганција и женственост. Оваа супер романтична колекција е претставена за прв пат заедно со модната колекција за пролет 2016 година.
Секој од овие осум модели на чевли вели Чепман, бил инспириран од “летот на птиците и тукушто расцутените цвеќиња под пролетното небо.” Цвеќиња, лисја и архитектура во деталите се вткаени во дизајнот, а кожата е обоена во Ombre ефект, и претставува нијанси на птичји пердуви. Многу модели се украсени со Сваровски кристали, како и со ласерски сечени детали.
Од златните еспадрили до вртоглаво високите потпетици, овие рачно изработени италијански чевли се совршено надополнување за летните одмори, но исто така ќе бидат одличен избор со било која венчаница пролет / лето 2016 година. Со нетрпение чекаме да ја видиме оваа колекција на познатите обожавателки на Marchese како Рита Ора, Сара Џесика Паркер и Ел Фенинг …

1-42
4-33 5-30 6-27 7-21

11-10

2-40

9-1710-153-32

8-21

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерен ентериер со камин
Следна објаваНеделен Хороскоп 12.10. – 18.10.2015 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ