Кога порано ќе помислевте на банка, помислувавте затворен простор со „тежок“ мебел од махагони дрво со детали од месинг, еднолично светло, чувар на врата и еден ваш изгубен час од денот. Гледајќи ги филијалите кои во моментов се направени во Европа јасно ни стана дека работите се менуваат.

IMG_7361

Mакедонски архитекти направија промена на тој концепт во банкарството.

Radius Architects креираа нов лик и функционалност на германски бренд во банкарството-ПроКредит Банка Македонија.

Минимализмот во дизајнот е еден од водечките правци веќе скоро еден век, но во ова време исполнето со исклучително многу дразби, визуелни и звучни, минимализмот е уште по актуелен.
BankomatiIMG_7962

‘’Главна грешка која често се прави во архитектурата е кога ќе се заборави дека просторот ќе биде исполнет со луѓе, со различна светлина, звуци и мириси. Тогаш тој е „накитен“. Се добива простор сам за себе. Слика. Од друга страна минимализмот има хумаистички пристап. Ги прифаќа луѓето. Просторот претствува подлога. Не е главен, главен е човекот. ‘’велат од RADIUS

Отвореност на банката кон клиентите и кон идните клиенти.

????????????????????????????????????

RADIUS :‘’Концептот на отворен простор дозволува непосреден контакт. Нема стриктна граница. Не сте бројче во редот. Целта беше да создадеме простор каде како клиент нема да осеќате притисок и нелагода која ја има во „традиционалните филијали“ туку простор кој ќе го чуствувате Ваш.’’

Слобода на самиот клиент да избере начин на кој ќе ги користи услугите на банката- појдовна точка за дизајн на самиот мебел.
IMG_8137

RADIUS :Концептот на ПроКредит банка за поделеност на филијалата на дел со автомати кој работи 24 часа и дел со вработени, беше почетна точка за функционално решавање на просторот во експиозитурите. Едноствноста на дизајнот на елементите во делот на автоматите е со цел тие да се лесно воочливи за клиентите. „Змијулестата“ форма во делот за советување на клиенти е најпогоден за прилагодување во различни простории. Традиционалиот  конвексен „негативен лак“ кој го имаат повеќето заоблените пултови го заменивме со конкавен. На тој начин клиентот не се одбива туку се прифаќа, има главно место во просторот.    

Избор, припадност, смиреност.

IMG_7446IMG_7406

RADIUS: Од нас се очекуваше да го промениме концептот на „традиционалните“ филијали со шалтери. Како прво избор. Да постои функционална, безбедна и модерна можност да ја завршите работата по електронски пат во 2 часот наутро или да разговарате седнат на иста маса со вработен во филијалата. Како второ да чувствувате припадност, дека сте во Ваша банка и во Ваш прстор. И како трето смиреност. Битно ни беше да направиме смирен, ненападен простор. Одењето во банка да не биде уште една стресна дестинација во денот каде неволно ќе одите.IMG_8187

IMG_7431

Photo by Andrijana Tilic

‘’Брендот го прават вработените. Дизајнот само треба да ја раскаже нивната приказна. Успешен дизајн за успешен бренд е ако тој добро ја пренел таа приказна. Лично мислам дека успешно ја пренесовме приказната за ПроКредит банка.’’ изјавија од RADIUS

DSC_0027 copyDSC_0055 copy1

Radius Architects – генијалците кои стојат зад овој проект

Од лево кон десно: Мартин Пановски, Јана Гугуловска, Александар Наумчески, Душица Диновска

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Virgin Rainbow” најскапоцениот камен на светот
Следна објаваАнимација | „Деца“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ