vinoskop (1)
Оваа есен од 30-ти септември до 4 октомври, традиционално по деветти пат во Скопје ќе се одржи најпознатиот македонски вински фестивал- Вино Скоп 2015.
Потврдено е учеството на над 20 најдобри македонски вински брендови кои како и секоја година по промотивни цени ќе ги презентираат своите вина, а ќе има и вкусни македонски деликатеси кои одлично одат со добра чаша вино.

vinoskopКако збогатување на богатата винска и гурманска понуда е и музиката за душа.

Настапуваат: Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Миле Кузмановски, Куку Леле, Тони Зен и Флека, Лозано, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Ристо Самарџиев, Тајзи, Бета Хаус и многу други.

Поради тоа што фестивалот од година в година е се поголем, локацијата е променета. Вино Скоп 2015 ќе се одржи позади С.Р.Ц „Борис Трајковски” на паркингот кај АкваПарк.
Фестивалот е во организација на „Темов” и со поддршка од град Скопје.

Бидете и вие дел од есенската приказна исполнета со многу љубов, вино и музика. Вино Скоп 2015
vinoskop1

 

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБегство во друг свет преку фотографија
Следна објаваПреспијте една ноќ во соба на Леонардо да Винчи, Енцо Ферари или Данте Алигиери
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ