Дозволете ни да Ве запознаеме со извондредната работа на дваесет и пет годишната Тања Вукобрат од Скопје.

Следејќи ја страста кон цртањето, оваа млада уметница твори активно веќе шест години. Главно, инспирацијата ја црпи од филмовите, аниме, стрипови, музиката и компјутерските игри. Се стреми да стане илустратор за игри, постојано усовршувајќи се со креирање на концепти за карактери. Вукобрат моментално работи на хонорарни проекти а заедно со нејзиниот тим работат и на креирање на сопствена игра. TY_final1

RB_doodleart

2a

11984565_881996138550791_2003359198_o

Teresa_Final

TI

v4

Nausica

LesFemmes

Тања има и самостојна изложба зад себе во „Кафе Ли“ насловена „Les Femmes”.

На изложбата, центарот на внимание го заземаат жените. Преку боите, текстурата и експресијата на девојките е претставена нивната нежност, елеганција и естетика.

Fotografija

НЕМА КОМЕНТАРИ