ОВЕН
Работа – Конфликтите на работа ќе ги решите во ваша корист, само со ладна глава. Вие владеете со ситуацијата, без разлика што имате страв од неспех.
Љубов – Му се наметнувате на партнерот покажувајќи ја вашата доминанација, но тој успева, во се што ќе науми. Меки сте како памук.
Здравје – Доколку имате главоболка тоа е поради синусите. Бидејќи тоа ви е слабата точка на орагнизмот, самите знаете што треба да превземете.
БИК
Работа – Плановите засега остануваат само на хартија. Не губете надеж, бидејќи тоа што сте го замислиле ќе се реализира со одредено задоцнување.Само трпение и ладнокрвно.
Љубов – Комуникацијата со партнерот е еднострана, како да не слуша што му зборувате. Слуша тој добро но се прави луд затоа што така му одговара. Криза на повидок.
Здравје – Слабата точка на биковите се жлездите и хормоните. На нив, не можете да влијаете но на храната можете, така барем ќе го смалите проблемот.
БЛИЗНАЦИ
Работа –  Амбициозни сте, така што успехот не е доведен во прашање. Бидејќи енергијата ви е силна, постигнувате огромни резултати. Сепак, не претерувајте.
Љубов – Никако да ја пронајдете вистинската личност, ниту пак да се согласите со постојаниот партнер. Не е ни чудно кога сте полни со горчина поради киксовите( неуспесите) од минатото.
Здравје – Депресија, меланхолија, јалови планови – прават да бидете зајадливи во вашата средина. Тоа не е болест, туку начин на размислување. Свртете се кон духовните работи. Кога ќе го најдете мирот полесно ќе функционирате.
РАК
Работа – Работата бара усовршување и само така би можеле да напредувате во кариерата. Ѕвездите се љубители на раковите кои се занимаваат со интелектуална работа, па така им помагаат,повеќе одколку на другите.
Љубов – Девицата е вистинската личност за вас, па затоа не ја одбивајте. Ако ништо друго, таа со совети ќе ви помогне да го решите проблемот. Незадоволството е очигледно.
Здравје –  Стравот од реалноста и лошите навики се резултат на неадекватна комуникација. Престојувајте во природа,тоа  ќе ви помогне да ја  постигнете внатрешна хармонија. Трпение и упорност.
ЛАВ
Работа – Неопределени сте. Несвесно манипулирате со сорабтниците, избегнувате одговорност и личен ангажман.
Љубов – Партнерот постојано го тестира вашето трпение.Токму кога мислите да му свртите грбот, тој се повлекува. Цело време се натрпеварувате и докажувате.
Здравје – Во релативно добар период се наоѓате. Спортувајте.
ДЕВИЦА
Работа – Деловната експанзија е очигледна. Иако станува збор за мали работи, задоволно ги триете рацете. Еден проект ве прави прилично несигурни, но без причина.
Љубов – Лавовите ви се слабата точка. Со нив доживувате подеми и падови. Издржливи сте повеќе но што партнерот може да претпостави.
Здравје – Срцевите заболувања се резултат на променливата на крвниот притисок. Избегнувајте конфликти и луѓе кои ќе се мешаат во приватноста. Тогаш здравјето ќе биде подобро.
ВАГА
Работа – Се занимавате со детали наместо со суштината, што негативно влијае на работата. Бидејќи ги избегнувате советите кои не се по ваш вкус, резултатите од вашата работа ќе дојдат подоцна.
Љубов – Знаете како со итрина да дојдете до срцето и паричникот на партнерот. Колку повеќе го мачите, тој повеќе ве сака. Врската ви е донекаде патолошка.
Здравје – Толку многу сте окупирани со планови, што немате време да мислите на здравјето. Некои ваги ги очекува промена –  подобро здравје.
ШКОРПИЈА
Работа – Зошто сте рамнодушни? Во фаза сте на постојано проверување и размислување за тоа што да направите за да ја подобрите ситуацијата која почна да излага од контрола. Максимално се залагате на работа но имате чувство дека сè е залудно. Нетрпеливоста ве притиска. Олабавете се.
Љубов – Врската ви е во криза. Размислете за грешките. не знаете што да направите.Пожелно е директен разговара – па што сака нека биде.
Здравје – болка во нозете, проблеми со вените и депресивна состојба – Почнете да носите удобни обувки.
СТРЕЛЕЦ
Работа –  Вие сте обиколени со луѓе кои не влеваат доверба. Не само што не ви помогаат, туку ви пречат во рабоата. Но вам ви е лесно, бидејќи имате изобилие од  конструктивни идеи.
Љубов – Бурните емоционални испади ја прават врската подинамична. Не ги криете чувствата. Партнерот го бонбардитаре со страсти. Врската ви е постабилна од било когa.
Здравје – Променливо расположение, незадоволство во комбинација со стомачни проблеми. Стабилизирајте ги оброците.
JАРЕЦ
Работа – На повидок е материјален добиток. Сама по себе, работата ви е досадна, бидејќи ништо интересно не се случува, но затоа паричникот ви е полн.
Љубов – Со Девицата, врската ви е до тој степен идилична, што размислувате за тоа колку долго ќе трае. Можеби премногу анализирате, на сметка на спонтаноста?
Здравје – Стомачни проблеми. Насобраните течности во телото, прават да се чувствувате мрзеливи и троми. Користете диуретици.
ВОДОЛИЈА
Работа – Со леснотија ги завршувате работните задачи. Постигнувате забележителни резултати. Пари ке имате на претек, но ви лизгаат од рацете. Постојано инвестирате во нешто ново. До кога?
Љубов – Партнерот го идеализирате, се уште не ги гледате неговите грешки. Кога еднаш ќе ги дознаете, ќе биде доцна. Но што да се прави, сега летате на крилата на среката.
Здравје – Срце, хормони, не поради нервоза, туку од претерување со задоволствата. Пожелно е да се најде златното правило во сè, дури и во пороците.
РИБИ
Работа – Одличен период за потпишување на договори, деловни зделки, учење и образование. Внимавајте, сите акции да се легални. Избегнете влегување во судски постапки кои можат да бидат долготрајни.
Љубов – Партнерот го ставате на прво место. Не сте задоволни од развојот на настаните, но барем точно знаете што може од него да очекувате. Не постои сомнеж околку тоа.
Здравје – Болките во долниот дел на грбот не се во врска со рбетот, туку веројатно се работи за послаба работа на бубрегот.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваТе барав, те барав… | Петто Писмо
Следна објаваМодниот креатор Дерек Лам – во чест на хероините на Вуди Ален!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР