Рики се откажува од својот сон на рокенрол ѕвезда и се враќа дома за да ги исправи работите со семејството кое одамна го напуштила.

Ricki_and_the_Flash_IMG1_big

Подгответе се за рок. Подгответе се за љубов. Подгответе се за Рики. Не е секојдневие дури четири добитници на престижната награда Оскар да се најдат во ист филм. Тоа се случува оваа година во комедијата „Рокерка“ која ни пристигнува на големото платно. Станува збор за најновото филмско остварување на режисерот Џонатан Деми кој е снимен по сценарио на Диабло Коди, а главните улоги им припаѓаат на Мерил Стрип и Кевин Клајн.

Ricki_and_the_Flash_IMG2_big

Трикратната оскаровка Мерил Стрип ја толкува Рики – рокерка која одамна се одрекува од се’ како би го остварила својот сон за рокерска слава. Таа се враќа дома како би ги поправила своите односи со сопственото семејство. Кевин Клајн го глуми нејзиниот поранешен сопруг, а во останатите улоги се појавува и Мејми Гамер како нејзината ќерка (воедно и вистинска ќерка на Мерил), и Рик Спрингфилд како член на бендот Флеш, кој е бескрајно заљубен во Рики.

Ricki_and_the_Flash_IMG3_big

И се смее ли на Мерил Стрип нов Оскар? Иако до сега е номинирана дури 19 пати за наградата Оскар, поради нетипичната улога и фактот дека речиси во секој филм во кој ќе се појави одлично се носи со улогата, се очекува Мерил Стрип и за овој филм да се најде во тесниот круг на актери кои се претенденти за престижната филмска награда.

Ricki_and_the_Flash_IMG4_big

Премиерното прикажување на „Рокерка’’ пред македонската публика беше на 03.09.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФантомот од Операта – Гастон Леру
Следна објаваНовите модели на пантолони на H&M
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ