naslovna

Секој човек нешто бара и очекува, и тоа за време на целиот негов живот или, со други зборови, сѐ додека има животна енергија во него. Тоа е белегот на човечката големина и извор на неговите најголеми страдања, основа на животната трагедија којашто е единствено човекова. Колку е човекот подобар, толку е поретко и поскапоцено тоа што го бара, а со тоа и потешко се наоѓа. Она што таквиот човек го бара, на некој друг може да му изгледа споредно и излишно. Но тоа не е важно. Важно е: да има волја за стекнување сознанија и откритија, и сила, трпение и упорност кои ѝ се во функција на таа волја. На нашава земја и пошироко, постојат илјадници нешта кои, и покрај сите наши напори, на луѓето нема да им бидат откриени ниту пристапни, но човечкото достоинство се мери според оние нешта кои изгледале исто толку недостижни а кои остроумните и упорни истражувачи ги откриле и освоиле, па и до ден денес, на општо задоволство, луѓето владеат со нив. Такви има многу. Затоа секоја желба за сознанијата е добра. Од неа никогаш не треба да се плашиме. Ако не го најдеме она што го бараме можеби ќе најдеме нешто друго, ново и корисно, нешто на кое воопшто не сме ни помислиле. Се разбира, голема е веројатноста и да не се најде ништо. Луѓето кои бараат и истражуваат, често на тој пат се истрошуваат и гинат и оние кои животот го минуваат во духовна незаинтересираност, невнимателност и неработење, превртувајќи грст празни зборови како здодевни и глупави бројченици. Единствено тие се вистински мртовци, бидејќи никогаш и со ништо не живееле. Додека пак секој којшто нешто бара, макар тоа да изгледа лудо и залудно, тој со тоа се запишал во книгата на живите, и дел од неговите напори и од неговата несудена слава засекогаш ќе живее во откритијата на оние кои, по неговата смрт ќе работат и ќе трагаат, но со повеќе среќа и успех.

„Знаци покрај патот”, Иво Андриќ

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовата колекција за мажи на Balmain за есен 2015 година
Следна објаваTренд за есен 2015 | Неонска шминка
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ