Жешките  температури викендов беа совршен погодок за Скопјани. Додека скалилото на термометарот брзаше да се искачи што повисоко, тие го пронајдоа совршениот начин да му пркосат на топлото сонце и да се освежат во последниот викенд од месец август во главниот град. И мали и големи, вчера Базен Аеродром беше исполнет со смеа, натпревари во пливање, пропратени со најпознатите летни музички хитови.

Упорноста може да го промени поразот во неверојатен успех., рекол Мет Бионди, поранешен професионален американски пливач. Tокму тоа е денешното мото на овој настан на Базен Аеродром, каде преку мини натпревари во пливање со македонскиот пливач Мартин Стефановски и микс 4 во 1 составен од 4 различни активности со елементи на пилатес, зумба, степ аеробик и аеробик, заедно со професионалната инструкторка Стојка Спиридоновска, се промовира токму најважната вредност за која се залагаме во нашиот центар, а тоа е упорноста. Сакаме да ги потсетиме сите присутни овде: упорноста не познава возрасни граници, а негата за своето здравје и тело секогаш може да биде пропратено со забава, кое е дополнителна мотивација за секого.“ – изјави Ивана Атанасовска, менаџер за маркетинг и продажба на Synergy Fitness & Spa, организатор на настанот.

Победниците во мини натпреварите кои пливаа рамо до рамо со македонскиот пливач Мартин Стефановски, како резултат на својата брзина, дисциплина и упорност, добија вредносни награди од фитнес и спа центарот Synergy, припадничките на понежниот пол се разиграа со звуците на зумбата заедно со инструкторката Стојка Спиридоновска, а сите останати во оваа урбана оаза се разладија со споделените ладни шишиња Горска Вода.

Со организираните активности присутните добија едно несекојдневно искуство кое ќе го паметат како едно од најжешките викенди ова лето, кога се споија и забавата и здравјето во едно и кога сите најдоа уникатен начин да уживаат за време на продолжениот викенд во градските убавини на Скопје, благодарејќи на организаторот, фитнес и спа центарот Синерџи.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваJYSK: Есенска колекција 2015
Следна објаваХороскоп од 31.08. – 06.09.2015 година
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ