20130228-horoskop-za-mart-2013-godina-1Oвен

Работа – Навистина добар период за работа и пари. Немате никакви проблеми со колегите на работа. Многу вредно работите и очекувате некоја награда, која би требало да ја добиете најдоцна до крајот на месецот.
Љубов – Ви следи најубав љубовен период со партнерот.
Здравје – Летото многу добро влијаеше на вашето здравје, имунитетот ви зајакна, така да немате проблеми.
Бик
Работа – Возможен е замор, жештината од минативе месеци, враќањето на работа или постојаната работа, толку многу ве замори, така да оваа недела треба да го одморите мозокот. Ништо страшно.
Љубов – Оваа недела ќе имате мали кофликти со партнерот. Ви препорачуваме толеранција и премолчување на тоа што го мислите, па од следната недела, следи подобрување на односите и комуникацијата ќе биде без лоши последици.
Здравје – Зимајте ја редовната терапија и проверете ја работата на срцето.
Близнаци
Работа – Оваа недела ќе бидете претрпани со работа. Додека бевте на одмор, работните задачи ви се зголемија и сега е време да ги завршите. Сигурно ќе се запрашате, како ќе завршите токлку многу работа – ќе работите многу, но најдобро од целата ситуација е што ќе извлечете добра поука за вас.
Љубов – Имате добри аспекти на фамилијарен план, сите проблеми од порано сега се решаваат на добро.
Здравје – Одлично
Рак
Работа – Пред  да зачекорите во оваа недела, наоружајте се со трпение, тактика и мудрост. Бидејќи се ова ќе биде на испит. Случувањата на работа се менуваат од час на час. Колку е ова лошо, толку е и добро за вас. Некогаш ви е потребен импулс за да ве натера на акција. Ако добиете некои добри вести, не летајте веднаш. Прво запрашајте се дали треба да и верувате на таа личност и проверете колку се точни информациите.
Љубов – Емотивно се повеќе се врзувате за личноста што е до вас, иако таа промена ретко дозволувате да се види. Се уште во вас постои страв од пребрзо врзување, оставате времето да ги среди овие односи. Другата страна, станува свесна дека се повеќе се отварате кон неа.
Здравје – главоболки, но сето тоа бргу ќе помине.
Лав
Работа – Полека разбирате дека околу некои луѓе или некоја работа морате да имате поголема иницијатива, но сега едноставно не сте во тој фазон. Што е најинтерсно, некои деловни шанси ви се отвараат, но вие како да сте изгубиле желба оваа недела за работа. Но, веќе следаната, ќе бидете порасположени и поактивни.
Љубов – Се однесувате прилично невообичаено за вас. Се наоѓате во голема дилема околу партнерот, дали е тоа правиот избор за вас. Совет – сепак дадете и шанса, во спротивно личноста до вас може да ве напушти а потоа да да ви биде криво за таа прилика.
Здравје – Премногу седите, внимавајте на вашиот организам, потребно ви е многу повеќе движење да го рабудите телото и умот. Направете нешто за вас.
Девица
Работа – Оваа недела не е за самоистакнување на работа, туку за заедичко здружување, без разлика колку вие да сметате дека сте во право, дека повеќе знаете и гледате од другите. Ќе имате прилика наскоро да бидете во прв план, но сега морате да се прилагодите и вклопите со тимот.
Љубов – Имате чувство дека личноста која ви се допаѓа е недостостапна. Иако сметавте дека сте на добар пат да ја освоите, комуникацијата помеѓу вас е прекината. Ќе размислувате дали нешто покрешно сте кажале, направиле. Совет – почекајте го вториот дел од неделата, потоа продолжете ја приказната со таа личност.
Здравје – Проблеми со стомакот, дијареа или опстипација, ништо страшно.
Вага
Работа – Брзо, интензивно, криза, проблеми…. и во последен момент решение, а ни самите не знаете одкаде. Ова е накратко опис на работите што ќе ви се случуваат во наредната недела. Дури во петок ќе чувствувате олеснување. Оваа недела основната симболика на вашиот знак –  балансирање – ќе го добие вистинското значење. Вашето време за признанија допрва доаѓа.
Љубов – Во емотивните врски, период на нервози. Возможно е да имате страв, дека партнерот нема доволно емоции кон вас, дека е заинтересиран за некоја друга личност, да не крие нешто од вас? Што да ви кажеме, ако ова ви стане вообичаена рутина во наредниот период, немојте да се изненадите ако добиете адекватен одговор од другата страна. Чувајте ги своите врски и бракови и спуштете ја малку топката.
Здравје – Се е во ред, барате малку внимание.
Шкорпија
Работа – Ви претстои една голема работа или соработка, благодарејќи на личност со голем авторитет. Не се двоумите, ќе успеете. Вие сте во период кога треба да ја искористите секоја шанса, па и за додатна работа, која ќе ја има поприлично. Се оди по вашите планови.
Љубов – На забава ќе запознаете личност по ваша мерка. Препознавање на прв поглед, заведување и искри ќе севаат од двете страни. Е сега, дали ова ќе остане како нешто трајно или пак само адреналинска инекција да ве држи во живот додека не стигне онаа правата љубов, тоа допрва ќе го видиме.
Месеците пред вас, сепак ќе ви донесат емотивна исполнетост, само на многу помирен начин.
Здравје – одлично.
Стрелец
Работа – Чувстувате како некој притисок на обврски полека да попушта и полесно дишете. Генерално, излегувате од најнепријатниот период. Доколку планирате некоја нова работа, ова е правото време. Не ги развлекувајте шансите, инппулсивноста ве влече кон правење грешки, избегнувајте да работите важни работи кога не сте целосно сконцентрирани.
Љубов – Во првиот дел од неделата се уште сте под влијание на некои лични проблеми и затоа го потиснувате својот емотивен живот. Тоа силно го притиска вашиот емотивен партнер. На среќа, ова расположение ќе трае само неколку денови за потоа, целосно да му се посветите на вашиот партнер.
Здравје – Проблеми со несоница
Јарец
Работа – На работа ве очекуваат нови ситуации, кои не се во согласност со вашите ставови. Потребна е поголема толеранција со колегите и соработниците, но овој момент трпението ви е послабата точка. Повлечете се и работете ги своите задачи, не раегирајте на провокации. Тешко ја прифаќате критиката од претпоствените. Кон крајот на неделата ќе се подобри целата комуникација и пробелмите на работа.
Љубов – Доколку сте на почеток на емотивна врска, не ги разбирате добро реакциите на парнерот. Очигледно треба да се приспособите еден со друг. Не се нервирајте, се се случува како што треба, но со поспор ритам отколку што вие очекувате.
Здравје – Добро
Водолија
Работа – Во текот на оваа работна недела, актуелни се проблемите со документи, како и комуникацијата со соработниците. Заради ова, некои планови ќе морате да ги измените или пролонгирате. Сега ќе морате да се приспособите на моменталната ситуација и да го извлечете најдоброто. Совет – не инвестирајте поголеми финансиски проекти, почекајте подобар период.
Љубов – Многу личности се вртат околу вас, тоа ви е симпатично и интерсно, но вие чувствувате дека ниедна од нив не е за вас. Некои водолии, сепак, ова време ќе го искористат за авантури.
Здравје – Проблеми со синуси и алергии. Проверете дали постои некој проблем со крвните садови.
Риби
Работа – Тоа што на почетокот ви изгледаше како лесна работа, која може на брзина да ви донесе убава сума на пари, може да се претвори во вистинска ноќна мора. По се изгледа, ќе се изнаработите за мали пари, со многу проблеми. Само без нервози и реакции на критиките упатени кон вас.
Љубов – Страста во вас, потполно ве разбудила и јасно ви е дека некој се повеќе ве привлекува. Тука сега имаме две ситуации – ако сте од скоро во врска, премногу очекувате, додека другата страна си игра со вас. Доколку сте во процес на заведување , личноста што ви се допаѓа, постојано ви се извлекува, што кај вас ја зголемува желбата да ја освоите. Ви следат страсни средби исполнети со фатална романтика.
Здравје – Релаксирајте се најмногу што можете.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваНешто интересно: Жежок викенд со пливање, зумба и награди!
Следна објаваAlex Cearns | Фотографски серијал на совршените несовршености
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ