Специфичната и скоро недопрена природа на Аљаска секако е сон на секој авантурист. Кога ќе го слушнеме нејзиното име тоа веднаш ни асоцира на прекрасни природни пејсажи, зимски санки кои ги влечат кучиња, прекрасни видици на полноќно сонце, величествени глечери и.т.н. Вистинскиот живот на Аљаска е повеќе од невообичаен. таа изобилува со многу мали места во кои живеат деца кои секојдневно одат на училиште со помош на авион. Да, драги мои добро прочитавте!! За нив овој вид на
транспорт до училиштата е сосема вообичаен. Големиот број на туристи кои доаѓаат на Аљаска уживаат во возењето со овие хидро-авиони со кои дечињата одат на училиште.

Remington - Morning Dragonfly-Homer Alaska - Oil - 17x21

На Аљаска се наоѓаат највисоките американски планински врвови(вклучувајќи го и легендарниот Mt.McKinley со 6.193м надморска височина), како и преку 100.000 глечери, 3 милиони езера, повеќе од 3.000 реки и 15 национални паркови.  Местото каде што почнува и завршува светот, бисерноледената Аљаска која е всушност полуостров на северозападот на Америка е сонот на секој авантурист. Китовите, мечките, фоките и другите диви животни претставуваат магнет за туристите и љубителите на природните убавини на Аљаска. Повеќе од 20% од тамошното население се припадници на староседелците како што се Ескимите, Алеутите и Индијанците. Тие се многу гостопримливи со посетителите и со големо задоволство ги канат на традиционална вечера пропратена со древни игри и танци послужувајќи ги со лосос. Седејќи покрај огинот ти ја прераскажуваат нивната интересна приказна за тамошните животни и како тие им пренесуваат некои видови пораки. Ги избегнуваат видрите за кои се смета дека се гласници на лоши вести. Посебно доживување е возењето со со жицарницата( Girdwood ), па се до врвот на познатиот скијачки центар (Mt. Aleyaska) од каде се пружа прекрасен поглед на бајковитата природа полна со глечери.

random4_0

Посебно ќе ве одушеви глечерот Exit кој припаѓа на фјордовите (KENAI), точка на која се состануваат планините и океанот. Кога еднаш ќе ја почуствувате оваа мирољубива природа ќе ги разберете жителите на Аљаска како тие комуницираат со дивите животни и се однесуваат со нив како со домашни животни. Секако постојат одредени правила како треба да се однесуваат со нив, на пример со црните и смеѓите мечки тие несмеат да им се доближат премногу близу и им ја остават храната на ливадите. Посебно доживување е крстарењето со речните бродови. Најпознатиот брод е “Talkeetna Queen” кој ќе ве одведе до индијанскиот камп (DENA INA) каде се наоѓаат легендарните индијански колиби направениод животинска кожа.

Драги читатели се надеваме ќе уживате во прекрасните пејсажи подулу на фотографиите!!

ASMI-Photo-Two-anchored-fishing-vessels-903-x-400

2d46a86baa0562bb60eec16c92b78e85

Deluxe Alaska Sampler

11953215_1624225587829348_2740516714768153189_n

ar125340552565007

df4ea561-89c5-4a10-9ad3-213611f775fe_650x366

P7150241

Aurora+Over+Ice+Museum+Lighter+Version+v3

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава[Филм] Хитмен: Агент 47
Следна објаваХартиени силуети на животни
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Нејзина омилена изрека е "Смејте се, ништо не е повредно од насмевката".

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР