Еволуција | Time, Vogue & Cosmopolitan

Иако ни е забрането да ја судиме книгата по корицата, кога станува збор за списанијата, токму таа вештина се бара од нас да ја усовршиме...

Мас медијата игра понекогаш и клучен дел во оформувањето на нашите мислења во врска со сегашните случувања. Понекогаш? Па, може да се рече и секогаш.

Списанијата се моќни, илустрирани и неверојатно забавни пренесувачи на една идеја. Како различни идеи се пренесуваа преку принципиелниот „Time“, строгиот „Vogue“ и советникот „Cosmopolitan“ ни прикажаа Karen X. Cheng и Jerry Gabra преку еволуцискиот колаж на насловните ударни страни кои ги продавале едни од најпознатите списанија.

Ве молиме да одвоите неколку минути за овој историски развиток на политиката, строгиот стил и пристапноста на забавниот живот.

Еволуција на „Time“.

time

Од ерата на Чаплин, преку омразеноста на Хитлер, идеологијата на М. Л. Кинг, златните години на Траволта, само дел од кариерата на Џексон, признанието на Елен, Обама во 2000-тите, како резултат на успехот на Мартин Лутер Кинг од 60-тите и конечно до успехот на Цукемберг да го поврзе светот.

Еволуција на „Vogue“.

vogue

Кај „Vogue“ можеме да видиме колку е принципиелен, строг и совршен, а сепак достигнува постојано рекорден тираж. Ким Кардашијан во конзервативно издание? Најмал проблем.

cosmopolitan

„Cosmopolitan“ слепо ги следи трендовите. Интересно е да се види еволуцијата и на конзервативноста тука, како постепено исчезнува. Се прашуваме кој ли би бил следниот чекор?

На овој линк можете да погледнете уште неколку еволуции на познати списанија. Судејќи по „корицата на книгата“, во која ера би живееле?

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ