261462_141505289258117_2821932_nДали должноста е доволна причина за да се живее во лага?

Реферирано и елаборирано преку приказната на Џон Тајри, млад војник во американската армија која е на задача во Германија. Поради извесни недостатоци на среќно детство и растење со неговиот татко, Џон избегнува близок контакт со секого. Единствено што го држи во Северна Каролина на ретки посети е крвната врска со татко му и единствениот облик на заедничко дружење кое тој го остава позади себе, собирањето монети. На последната отсуство од армијата, тој се запознава со Савана, студентка на Чапел Хил, ангажирана околу добротворна работа и непоправливо привлечна за Џон, иако е репрезент на негова апсолутна спротивност. За време од две недели додека трае неговото отсуство тие доживуваат блискост која е тешко да се изгради со години.

Џон заминува назад на должност, со тешко срце, а Савана останува да го чека и да одлучи дали вреди да се одржува врска на дистанца. Тоа го овозможуваат дузината писма кои ги очекуваат како храна за гладните, вода за жедните, надеж за вљубените. По сплет на воени околности, Џон одлучува да ја исполни својата должност до крајност, а Савана одговара на тоа со писмо кое започнува со „Драги Џон… “, а завршува со „збогум“. Џон е ранет во војната. Двапати.

Сакам нешто да ти кажам. Откако ме ранија. Сакаш да знаеш што е првото нешто што помислив пред да се онесвестам?
Парички. Јас сум паричка во армијата на САД. Но сега имам две мали дупки во мене. Не сум повеќе совршен. Сакаш да знаеш што е последното нешто на што помислив?
На тебе.”

По сите изгледи, покрај љубовта кон Савана и нејзиниот фидбек кон Џон го засенуваат она што всушност, остава неповторлив впечаток – закржлавената блискост со татко му, настрана неговата болест… оној момент во болницата, кога седнува до неговиот кревет во ходникот, како мало, незаштитено дете и почнува да го чита писмото кое му го напишал – на глас, да му ги пренесе емоциите кои со години се таложеле во неговата психа, го натерале да избега од него како волонтер во воената база, да го потисне она од кое потекнува..! Суштината, иако суптилно, е заснована во нераскинливата врска татко-син, епскиот момент на блискост кога г-дин Тајри ги слуша редовите напишани од неговиот најмил Џон…

Патем, би излажале кога би рекле дека врската со Савана е помалку битна, или помалку исконска.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваToп модели на чевли што ке ги носиме оваа пролет
Следна објаваНаправи сам | Часовник – марама
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ