Одвреме навреме, на светската музичка сцена се појавуваат нови, млади и мошне талентирани уметници кои уште со првата песна очигледно се издвојуваат од останатите. Меѓу таквите квалитетни имиња се најдоа тројца момци: Benjamin Clementine, Leon Bridges и Raury.

Benjamin Clementine

1

Роден е во 1988 година во Лондон, Англија. Го опишуваат како човек со посебна харизма, интелигенција и огромен музички талент. Инспирација пронашол во музиката на Nina Simone, Anthony and the Johnsons и Edith Piaf. Досега има еден албум со наслов “At Least For Now”. Неговата музика е нешто помеѓу париски трубадур со примеси на џез, соул, опера и рок.

Leon Bridges

2

Роден во 1988 во Атланта, Лион е вистинско освежување во музичката сцена. Во неговите песни се чувствува влијанието на стариот добар соул и госпел од 60-те години, и музичарите како што се Otis Redding и Sam Cooke. Лион е вистински претставник на овие правци, од стилот на музика, до бојата на глас, фризурата и изгледот.

Raury

3

Има само 18 години, а веќе наголемо се зборува за неговата светла иднина во музиката. Роден е во Атланта и досега има еден албум со наслов “Indigo Child”. Го опишуваат како млад генијалец кој на хип-хопот му пристапува алтернативно, со комбинација од пеење, рапување и акустична гитара. Очигледно е влијанието на Африка, како и Michael Jackson, Coldplay, Phil Collins и Kid Cudi. Заборавете го сето она што сте го знаеле за хип-хопот и уживајте.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 10 ѕидни часовници, кои можете да ги најдете на интернет!
Следна објаваМодерни спални соби (4.дел)
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР