Денес ви ги претставуваме чизмите над глужд, кои станаа новите ИН парчиња за есен и за кои полуде модниот свет!

Одкога ги видовме црвените, тесни Givenchy чизми на модната писта, знаевме дека ни доаѓа потполно нов тренд! Слични стилови се појавија и во колекциите на Dior и Dries Van Noten. Тесни над глуждот со дебела пета, ги гледаме на сите забави на славните, кај трендсетерите и модните блогерите од целиот свет, што може да значи само едно нешто – најдени се новите ИН есен / зима чевли!

И додека со нетрпение чекаме да видиме како во нашите high-street дуќани ќе го донесат овој тренд, засега собираме фотографии од уличната мода.
Подолу, можете да видите некои од нашите омилени, кои веќе можат да се најдат на повеќе онлајн шопинг сајтови … Псст: овие убавици на Топшоп, веднаш да се стават  на листата на желби!!

kolaz2-1 kolaz-1

kolaz3-1

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСемејна куќа во природа
Следна објаваСкулптура од шарени столчиња во Франција
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ