0

Ви претставуваме еднособен стан со одличен дизајн, уреден и наменет за животните потреби на млада двојка. Ентериерот е со површина од 43 метри квадратни, а проектот е дело на архитектката Евгения Ермолаева. Бидејќи сопствениците посветуваат многу време на работата, целта на дизајнерката била да создаде пријатен дом со истовремено релаксирачки и смирувачки амбиент. За таа намена, применета е постмодернистичка палета на пролетни бои, кои во ентериерот совршено ја имитираат природата: нежна зелена како тревата, светла бела како снежната прекривка, темно кафена како дрвјата и јасна сина како водата и небото. Целокупниот простор е компактен и првенствено е место за опуштање – почнувајќи од софата во дневниот престој со телевизор отспротива. Зад неа се наоѓа кујната, одвоена, а во исто време поврзана преку барот со столици кој служи и како трпезарија. Во продолжение, погледнете ги фотографиите и инспирирајте се од идеите кои ги нуди овој младешки и креативен ентериер со убави бои.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

НЕМА КОМЕНТАРИ