Овен

Работа – Размислувате за тоа, како да ги подобрите деловните соработки и финансиите. Најуспешен период е за запослените во владините институции или прават бизнис со странци. На крајот од оваа недела, може да ве очекуваат конкретни акции. Можете да се потпрете на добрите совети од пријателите. Само не брзајте и сè ќе биде во ред.

Љубов – Во емотивниот дел веќе подолго време се наоѓате во чудна фаза. Слободните овни уживаат во флертување и не се подготвени за нешто поконкретно. Ќе имаат можност да избираат помеѓу две лица  Секој потенцијален партнер е специфичен и ве привлекува од различни причини. Ве привлекува некој од друго место или некој кој често патува. Страстите се нагласени, па ако не се задоволени со вашата сакана – многу лесно може да се одлучите за авантура. Комуникацијата со вашиот партнер се подобрува.

Здравје – Внимавајте да не истегнете некој  лигамент.

 

Бик

Работа- Многу ги запоставивте деловните обврски поради приватните. Ќе бидете принудени да работите со полна брзина. Многу работи не ви се допаѓаат на работното место, така што многу бикови размислуваат за промена на работното место или за почеток на приватен бизнис. За сега, вашите планови треба да останат сокриени, бидејќи така ќе добиете вредни информации.

Љубов: Во последните неколку недели, одлично балансирате во емотивнита приказна. Сега е време да се конкретизираат некои проблеми. Имате потреба да бидете поотворени. Многу слободни бикови можат да се најдат  во тајна или на друг начин комплицирана врска. Сето ова не ви е важно сега. Водени сте од силни емоции. Не се грижите за тоа што другите мислат и коментариаат за вас. Биковите флертуваат.  Недовербата на партнерорт е во пораст, а има доста причини за тоа.

 

Близнаци

Работа – Почнуваат нови потенцијални можности за вас. Во минатото  работевте напорно, дури на истата задача се враќавте повеќе пати да ја завршите до крај. Сга е се полесно. Конечно завршувувате со некоја административна работа и  ќе дојдете во контакт со лице кое е битно за еден ваш проект.

Љубов – Слободните близнаци може да очекуваат додворување од некој кој го сметаат за пријател. Расчистете го тој однос и поставете ги работите на право место,на овој или оној начин. Ви следи интересна комуникација која е врзана со интернет и мобилни телефони. Секако, вам нема да ви недостасува вниманието од спротивниот пол. Само подзапрете малку со постојано размислување за работата во вашиот секојдневниот живот. Пријателите постојано ве канат на дружење. Свртете се кон себе и партнерот, со насмевка набрзо ќе дојдете до сосема понакво расположение.

Здравје – Внимавајте на вирусни инфекции. Бидете внимателни да не ја повторите повредата на зглобот.

 

Рак

Работа –  Емоциите ви се во прв план без разлика на што работите. Тоа за сега не добро. Дури од петокот ситуацијата значително ќе се подобри и вие ќе размислувате трезвено. До тогаш, слушајте ги советите и поддршката од пријателите. Многумина се потпираат на вас, но вие тоа ќе го видите следната недела. Бидете свесни за своите квалитети и обидете се да ги ставите во преден план. Случајно, вие брзо ќе се најдете во центарот на вниманието.

Љубов: Емотивиот живот не ви беше најдобар во последните недели. Сакате нешто да се реши, по секоја цена. Партнерот ве критикувате премногу и не знаете што би било добра идеја. Почекајте до следната. Премногу сте емотивнини. Слободните ракови случајно ќе се сретнат со лице од минатото. Сепак, тоа не е добра опција за вас. Тоа што ви пречеше порано ќе ви пречи и сега. Многу ракови имаат суштински страв од осаменост но некои компромиси, не треба да се направат. Можно е интересно запознавање со нова личност преку работа. Тоа треба да биде некој, кој е спортски тип и успешен во она што тој го работи.

Здравјето: Стомакот ви е слабата точка оваа недела

 

Лав

Работа – како одат деновите така и вие ќе почувствувате олеснување. Полека ви се враќа чувството на контрола. Премногу сте очекувале од другите во претходниот период, или, едноставно ништо не зависело од вас. Околностите се сменија во ваша корист, следат одредени, интересни проекти. Воздржете се да се влегувате во проблемите на другите луѓе на работното место.

Љубов: Влегувате во интересен период, кога станува збор за љубовта. Што повеќе движете се, патувањето ќе биде неверојатно добро. Интересни потенцијални партнери кои се врзани со патување. Некои од слободените лавови ќе почувствуваат потреба  да се вратат во старата врска. Можеби ова не е долгорочно добро решение за вас, но сега сите овие настани ви одговараат пријатно. Лавовите кои се во брак, им следи период на доминација . Комуникацијата со парнерот се подобрува.

Здравје – Внимавајте на настинки. Ви треба повеќе одмор и спиење.

 

Девица

Работа – На поинаков начин ги доживувате случувањата кои сте си ги задале како задача. Во секој случај, чувствувате олеснување. До крајот на неделата некои работи ќе се решат благодарејќи на среќни околности. Со еден соработник, со заеднички сили ќе решите еден клучен проект. Партенерствата ви се исклучиво важни во следните неколку недели

Љубав-  Емотивниот живот оди кон добра насока. Комуникацијата со партнерот оди спонтано и отворено. Слободните девици ќе имаат познанство, со нова интересна личност за нив. Тоа запознавање ќе се случи, на места за прослава или во некое поголемо друштво. Визионерските размислувања на личноста која физички ќе ви се допадне, ќе биде тема на заедничките раговори.Се е возможно.

Здравје – Респираторните органи ви се слабата точка.

 

Вага

Работа – Треба да ги реорганизирате своите деловни обврски. Ве притиска времето и очекувањата од соработниците. Одреден стрес се зголемува, но вие ќе успее да се справите со него. Бидете сериозни и не ги одлагајте важните одлуки. Помош пристигнува од потемна машка личност. Можеби, некој нов ќе влезе во вашата работна средина и тоа е добра вест за вас.

Љубов – Креирањето на рамнотежата е основната симболика на вашиот карактер. Како што одат деновите,така се ќе изгледа полесно. Само треба самите да си поставите цели. Значително ќе ја подобрите комуникацијата со вашиот партнер. Само мали корекции во заедничкиот живот се доволни. Саканата личност има некој план во кој и вие сте вклучени. Се ќе излезе на добро. само следете ја приказната и дајте свои сугестии. Компромисот е возможен. Слободните ваги ќе зпознаат нова интересна личност кога најмаку се надеваат. Достапни Вага ќе се сретне некој многу интересно во моментот кога најмалку очекувате. Само не се затворајте во четири ѕида.

Здравје –  Главата ви е слабата точка.

 

Шкорпија

Работа –  На работното место се зголемува тензијата. Газдите имаат големи очекувања од вас, а вие се обидувате да ги оправдате. Во таа брзина, можете да направите грешки. Забавете го темпото и внимавајте кому што му кажувате. Избегнете дискусии и озборувања, бидејќи само тие можат да одат на ваша штета. Освежете го просторот во кој работите.

Љубов –  Емоционална ентузијазам од претходниот период не се намалува. Слободните шкорпии сеуште се стремат кон фатална љубов. Интересни емотивни средби во деловното опкружување. Исто така е можно е  познанство во центарот на градот или на една забава. Имате опција да бирате меѓу две интересни личности.

Зафатените шкорпии, пријатно ќе ги изненади саканата личност. Довербата и излевањето на емоции, чувството на блискост ќе биде посилно од било кога.

Здравје: Варење и цервикалниот ‘рбет се вашите слаби точки.

 

Стрелец

Работа – Долго време инвестирате многу напор, во сите ваши задачи. Во овој период треба и можете да ги зацврстите односите со соработниците. Не почнувајте ништо ново, додека некоја работа не е готова. Имате големи очекувања, но засега работите се одвиваат споро. Вие не сте стрплив знак, па тоа може да ви донесе  анксиозност во секојдневниот живот.

Љубов: Можете да очекувате интересни емоционални настани во овој период. Слободните стрелци, можат да запознаат интересна личност  преку работа, преку пријатели, на интернет или на кратко патување. Многу избори што и да испланирате од активностите. Бевте колебливи кога  размислувавте каков партнер ќе ви одговара. Штом ќе контактирате со интересната нова личност, веднаш ќе знаете, дека тоа е она што ви треба. Само не брзајте.  Следна недела ви е многу подобра да ојавите нешто важно.

Здравје –  ‘рбетот може да биде проблем

 

Јарец

Работа –  Се чувствувате како да сте во некој сендвич. На работа сакате секому да му помогнете а колегите имаат сосема различни барања од вас. Разберете дека нема да бидете во можност да се усогласите со сите. Поставете  приоритети и по принципот “секому според заслугите. Финансиите ви се подобруваат или постојат индикации дека тоа наскоро ќе се случи. Бидете внимателни  доколку потпишувате некој документ, при крај на неделата.

Љубов – Домот го разубавувате, уживате во активностите  за двајца, размислувате за заедничка и стабилна иднина. Ќе барате само малку разбирање за работните задачи кои ги имате. Во случај да не ја добиете подршката, можни се мали расправии во текот на викендот. Само не дозволувајте им на трети лица, да коментараат во вашата врска. Слободните јарци сонуваат за стабилна емотивна врска. Ќе размислувате за минатиот партнер, но старата  врска  не е добра опција за вас.

Здравје – Можни проблеми со забите или грлото.

 

Водолија

Работа –  Ова е одлично време за сите оние кои имаат деловни односи со странски земји или странци. Одлично  се поставени документите и комуникацијата од било кој вид. Едноставно, станувате добар манипулатор. Зададете си конкретни задачи. Се ви оди полесно, отколку во претходните недели. Ќе уживате во друштво на младите луѓе.

Љубов – Привлекувате  внимание на спротивниот пол каде и да се појавите. Особено, се чувствувате добро од вниманието на млади и атрактивни луѓе. Можно е дека ќе го привлечете вниманието на личност од друг град. Но, за вас не постои пречка кога сакате нешто. Сега вие сте во улога на ловец.

Здравје –  Можна е настинка.

 

Риби

Работа – Интересни понуди ви  доаѓаат од многу страни. Дали е тоа зголемување на платата, работа со скратено работно време или проект кој ќе ве исфрли во прв план. Само интелигентно поставете ги условите, коишто  сигурно вие ќе ги диктирате. Ова не е време да се биде скромен.

Љубов – Повеќе размислувате за пари отколку на љубов. Затоа и емотивниот дел е некако поврзан со деловното опкружување. Еден пријател ќе ве запознае со екстремно висока личност. Не е лошо да се обидете да се забавувате, само прашање е дали сега сакате да влезете во емотивна врска.

Здравје – Внимавајте на очите, забите и долната вилица, тие ви се слабите точки.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваSian Ka’an – тропски резерват, познат по специфична уметност!
Следна објаваУметност од хартија
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР