Јапонска техника на одгледување на дрвца: Бонсаи

Specimen_Bonsai_TreesБонсаи е стара јапонска техника на одгледување на минијатурни дрвца во мали саксии. Овие прекрасни дрвца можат да опстанат многу долго време дури и неколку стотици години. Колку е постаро дрвцето толку неговата цена е повисока. Во истовреме одгледувањето на бонсаи претставува вистинска уметност а бонсаистите го поседуваат приматот на вистински уметници. За одгледување на овие специфични дрвца е потребно многу знаење, умеење но и љубов.

Бонсаито не е само обично дрвце сместено во мала саксија, тоа со својот прекрасен изглед предизвикува восхит и одушевување. Најквалитетното бонсаи дрвце е она дрвце кое може да се најде некаде во планинските предели. поради неповолните услови во кое е растено најчесто коренот му е вовлечен во низ карпестите делови, а поради недостаток на вода и светлина тоа останува со патуљаст облик. При пресадување во домашни услови коренот на дрвцето се потскратува а притоа не се покрива целото со земја. Вишокот на гранки се отстрануваат и тоа што почесто. Како старее дрвцето листовите се проретчуваат и така тоа го добива посакуваниот изглед.

vivere-il-bonsai

Повеќето растенија кои имаат цврсто стебло со правилна нега и одржување можат да станат бонсаи дрвца. Постојат билки кои лесно се адаптираат во помали саксии како на пример брест, фикус, јавор, азалеа и.т.н. Бонсаи дрвцата може да ги набавите во секоја поснабдена цвеќара или расадник ке ви биде потребно доста време да се стане вистинско бонсаи. При формирање на обликот на бонсаито постојат различни стилови за кои секако вие треба да го изберете. Начинот е следен се обрезуваат гранките а потоа се врзуваат со специјална жица. Ова треба многу внимателно да се работи за да не се оштетат листовите. За некого одгледувањето е само обично хоби, а за други тоа е вистинска уметност.

01-Juniper-bonsai-reyes
08-orange-bonsai
bonsai-k112
50-juniper-font-b-bonsai-b-font-font-b-tree-b-font-font-b-potted-b

 

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДигиталниот свет во фантазијата
Следна објаваОсмо издание на Гурманскиот викенд со пиво – Пиволенд
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Нејзина омилена изрека е "Смејте се, ништо не е повредно од насмевката".

НЕМА КОМЕНТАРИ