Гарсониера во поткровје

Добро искористен и организиран мал простор од 20,3 метри квадратни.

1

Ви претставуваме пример за одлично уредена гарсониера во поткровје. Ентериерот е со површина од 20,3 метри квадратни, а се состои од голема соба која е организирана како дневна и спална соба, нова реновирана кујна и бања. Дневната соба е наместена така што во неа да може да се дочекуваат гости, додека делот за спиење е сместен во областа каде е може мирно да се опуштите. Бидејќи нема доволно расположлив простор и повеќе квадрати, се внимавало ентериерот да не се затвори со непотребни парчиња мебел, па во собата се наоѓаат само основните парчиња, како орманчиња, комоди и помошни масички. Покрај белата боја која е доминантна, користена е и сивата боја, како и топли и удобни ткаенини кои придонесуваат за удобноста и топлината во овој мал стан. Големите прозорци обезбедуваат грст дневна светлина, па просторот изгледа поголем отколку што навистина е. Во продолжение, погледнете како е уредена оваа мала гарсониера и инспирирајте се.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ