00

Мислите дека е невозможно целиот животен стил да се спакува во дом со површина од само 21 метри квадратни? Верувале или не, во овој мини ентериер е постигнато токму тоа. Станува збор за исклучително мал, но мошне компактен станбен простор во Стокхолм, Шведска. Се карактеризира со убави и функционални дизајнерски решенија во уредувањето, при што поради лимитираната квадратура е креиран отворен план во кој комуницираат дневниот престој и спалната соба. Паметниот распоред вклучува и кујна и трпезарија, но и засебна бања и пријатен балкон, а практичните идеи за складирање гарантираат рационално искористување на секој агол. Ентериерот е модерно стилизиран, со едноставни и чисти линии, игра со црно-белиот контраст во тандем со живи акценти, како и внимателно избрани декорации и осветлување. Многу стил во малку квадрати, зар не? Разгледајте ги фотографиите и пронајдете го омилениот предлог и за вашето катче за живеење.

01

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

14

НЕМА КОМЕНТАРИ