Промоцијата на годишниот каталог на IKEA е настан кој со нетрпение го очекуваат сите љубители на дизајнот и убавите ентериери. Доколку сте љубопитни да дознаете што се’ има да понуди најпознатиот шведски производител на мебел за 2016 година, имаме добра вест за вас. Неодамна беше лансиран новиот каталог наменет за американскиот пазар, па одлучивме да ви ги претставиме најинтересните новитети и продуктите кои наскоро ќе се најдат во стоковните куќи на IKEA. Под мотото ,,малите нешта се оние кои се важни’’, каталогот изобилува со паметни решенија за секоја област од домот, а со особен акцент на кујната – просторијата која го обединува семејството. Во понудата на IKEA се издвојува најдоброто од асортиманот на кујнски помагала, садови за подготовка и сервирање на храната, осветлување, декорации, канцелариски материјал, мебел за спалната соба и бањата, софи и фотелји, идеи за работниот простор на иднината, мебел и производи за детската соба, како и просторот за игра и учење. Во продолжение, ви го претставуваме фотографскиот приказ од промотивниот каталог за 2016 година, кој изобилува со паметни и креативни идеи за уредување на домот. Ѕирнете низ страниците и уживајте во одличната нова колекција на IKEA, запознајте се со новините и инспирирајте се за креативно, практично и модерно уредување на животниот простор.1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75 76 77 78 79

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобрите фотографии за 2015 | National Geographic
Следна објаваФото на денот | Млечниот пат
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ