Дали некогаш сте се прашувале каде живееле познатите писатели? Кои биле местата каде се создадени некои од најубавите класични дела на книжевноста? Во продолжение ќе погледнете некои од домовите во кои престојувале и работеле едни од најпознатите писатели во одреден период од нивниот живот.

1

1. Едгар Алан По

По е познат по своите мрачни песни и приказни, но овој негов дом во Бронкс, Њујорк изгледа мошне топло и пријатно. Токму во оваа куќичка авторот ја напишал познатата песна Анабел Ли.

2

2. Ф. Скот Фицџералд

Фицџералд поминал 2 години во оваа лукзузна куќа, а тука започнал да го пишува романот Големиот Гетсби.

3

3. Џејн Остин

Омилената писателка на многумина поминала 8 година во оваа куќа во Хемпшир, Англија. Денес куќата е претворена во музеј посветен на нејзиниот живот.

4

4. Ернест Хемингвеј

Големиот книжевен мајстор живеел 8 години во оваа куќа во Флорида, која денес се  нарекува The Ernest Hemingway Home & Museum.

5

5. Вирџинија Вулф

Оваа прекрасна куќичка во Сасекс, Англија била дом на Вирџинија и нејзиниот сопруг Ленард од 1919 до 1969 год. Денес, куќата и градината се отворени за посетители.

6

6. Џ.М. Бери

Токму во оваа необична куќа со седум спални соби во Лондон е напишана нашата омилена Петар Пан.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСамо за најхрабрите – Ziplining
Следна објаваДрво во срцето на архитектурата
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ