За вас одбравме 5 фантастични мобилни апликации кои ќе ви помогнат околу изборот на козметика, парфеми, фризура, како и ќе ви дадат совети за тоа колку вода му е потребно на вашиот организам. Сѐ што треба да направите е да ги симнете апликациите од интернет.

1. iMakeup Booth

Оваа апликација ќе ви помогне да одберете кој било козметички производ како на пример сенка, руменило, маскара, кармин и сл. кој најдобро ќе му прилега на вашиот тен. Ја внесувате својата фотографија и следува вистинска забава! Си ставате различни нијанси на пудра, кармин, сенки, додека не го најдете најдобриот избор.

1

2. Hair Color (од творецот на ModiFace)

ModiFace е измислена за сите перфекционисти. Ја внесувате вашата фотографија и потоа можете многу реално да ги видите сите варијанти кои таа ги нуди. Творците на ModiFace направија и нова апликација- Hair Color која е специјализирана за коса. Ако сте за промена на бојата, а не можете да се одлучите, ова е вистинското решение за вас.

2

3. iPerfume

Многу корисна апликација доколку умеете да ги издвоите вашите омилени парфеми, како и мирисните ноти кои вам најмногу ви се допаѓаат. На тој принцип, апликацијата ви предлага парфеми за вас, како и ве запознава со новитетите на пазарот.

3

4. Eyebrows

Трендот на средување на веѓите стигна и до виртуелниот свет. Со помош на апликацијата Eyebrows ќе можете да одберете облик, густина и боја на вашите веѓи, а потоа фотографијата која ќе ја направите можете да ја однесете кај вашата козметичарка за да го добиете посакуваниот изглед.

4

5. Water Balance

Сите добро знаеме дека дневно ни се потребни многу течности, особено во летниот период. Според тоа, целта на оваа апликација е да пресмета колкав внес на течности (вода, чај, кафе, газирани пијалоци и сл.) му е доволен на вашиот организам.

5

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа сите љубители на моторите|”Game Over Cycles Batman”
Следна објаваМодни детали кои морате да ги имате за лето 2015
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ