Животот на едно приградско обично семејство се разнишува кога нивните две деца исчезнуваат во пустината по една силна песочна бура.

Strangerland_IMG1_big

Катарина (Никол Кидман) и Метју Паркер (Џозеф Фајнс) се обидуваат да се навикнат на новиот живот во пустинскиот град Натгари во Австралија. Тие се пријатни, но се затворени и не сакаат да станат блиски со околината. После една силна песочна бура нивните животи ќе бидат нарушени поради исчезнувањето на Лили и Том, нивните две деца. Во потрагата по двајцата тинејџери се вклучува целата заедница, предводена од локалниот полицаец Дејвид Рео (Хуго Вивинг). Додека температурата расте, шансите децата да преживеале се намалуваат од ден на ден. Кaтaринa и Метју ќе се најдат на раб на бездна, борејќи се за опстанокот на своите деца и надевајќи се дека ќе успеат да ја променат нивната неизвесна судбина.

Strangerland_IMG2_big

Австралиската дивина е моќна позадина на многу филмови, а тој опасен пустош ќе биде прикажан во трилерот „Земја на странци“. Во фокусот на остварувањето на режисерката Ким Фарант е животот на едно семејство во малото пустинско гратче кој се превртува наопаку кога нивните две деца мистериозно ќе исчезнат. Покрај Никол Кидман, Хуго Вивинг, Џозеф Фајнс, во епизодни улоги се појавуваат и Шон Кинан, Николас Хамилтон, Лиса Фланаган и Тејлор Фергусон. Дел трилер, дел психолошка драма, „Земја на странци“ експлодира со талентот и уверливиот тон на нараторот – режисерката Ким Фарант, на која ова и е прв долгометражен филм. Филмот „Земја на странци“ е премиерно прикажан на фестивалот Санденс, а публиката и критичарите се согласуваат за едно – Никол Кидман ја одигрува феноменално една од најтешките улоги во нејзината кариера.

Strangerland_IMG3_big

Семејството Паркер се доселува во австралискиот пустински град Натгари, кој се наоѓа далеку од другите урбани центри. Оставаат впечаток на пријатни соседи, но тешко стекнуваат нови пријатели. Особено децата – Лили продолжува како и секоја тинејџерка да ги поместува границите и ја истражува својата сексуалност, додека младиот Том месечари во сон. Една вечер, сопрузите Катарина (Никол Кидман) и Метју (Џозеф Фајнс) откриваат дека децата исчезнале. Мајката набрзо паѓа во очај, додека насилничката природа на таткото полека испливува на површина, а страшна песочна бура се подготвува да удри во градот.

Strangerland_IMG4_big

Предводени од локалниот полицаец (Хуго Вивинг), жителите на градот се придружуваат на потрагата, додека градот се гуши во црвената прашина и темнината. И покрај тоа што сака да им помогне на родителите, меѓу месното население почнуваат да кружат приказни за нив поради кои тоа полека им го свртува грбот. Температурите надвор секојдневно стануваат повисоки, така што шансите за преживување се исклучително мали, а Катарина и Метју се притиснати до крајните граници. За да ја пронајдат вистината мора да се изгубат себе си.

Strangerland_IMG5_big

Премиерното прикажување на „Земја на странци’’ пред македонската публика беше на 09.07.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРазбудете го сонувачот во себе си | Паркот (Adamelo Brent)
Следна објаваМоден тренд | Еспадрили
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ