Неделен хороскоп од 13.07. – 19.07.2015

fОВЕН
Работа – финансиите оваа недела ќе ви бидат на многу ниско ниво, ќе имате многу планирани и непланирани трошоци, а тоа се, поради летувањето и патувањето. Совет, работете колку што можете повеќе, толку подобро ќе биде за вас.
Љубов – ако сте имале недоразбирање и проблеми со блиска личност, ова е одличен период за разговор и помирување. Тензии, стрес и нервирање не би требале да имате оваа недела. Фамилијарните овнови ќе уживаат во домашната атмосвера оваа недела.
Здравје – здравјето одлично и никакви проблеми не би треабало да имате.
БИК
Работа – оваа недла нивото на коминикација ви е на многу високо ниво, па искористете го тоа за комуникации со пријатели, деловни партнери и шефови…сакате дополителна работа  и за дополнителниот труд ќе бидете добро платени.
Љубов – возможен е флерт со личност на која многу и се допаѓате, но можеби вие ќе ја одбиете од објективни причини. Сепак размислете, можеби добро ќе ви дојдат неколку убави и романтични денови со личност која знаете дека понатаму нема да ја видите.
Здравје – чувајте се од летните горештини и дехидрирање и затоа постојано со шишето вода во рака.
БЛИЗНАЦИ
Работа – одлична недела за финансии, ќе соберете пари за одмор и добро патување, како и за враќање на долгови. На работното место ќе бидете вредни и тоа сите ќе го забележат.
Љубов – ако планирате летото да го поминете дома, тогаш излезете што побрзо надвор каде што се собира друштво, таму сигурно ќе најдете некого кој ќе ви падне на око и со кого ќе имате заеднички јазик.
Здравје – сите близнаци кои тешко ги поднесуваат високите температури им советуваме да се чуваат и помалку да излагаат на топло, се разбира без шише вода, никаде.
РАК
Работа – совршено време да напредувате на работното место, по секоја цена. Внимавајте на однесувањето, контолирајте се да не кажете тешки зборови за кои подоцна ќе зажалите. Соработниците ќе ви бидат потребни и понатаму.
Љубов – полни сте со самодоверба и многу ви се нудат. Зрачите со еротика. Не размислувате за трајна врска, уживате во авантурите.
Здравје – мали здравствени проблеми од топлото време, но се бргу ќе помине. Потребен ви е мал одмор и многу течности.
ЛАВ
Работа – во периодов кога на работа сите, своите рецептори ги упатија кон летните одмори, вам нека ви помогне да ја согледате ситуацијата, сега имате повеќе време, отколку преку целата година. Внимавајте како работите и не правете ништо несигурно. Употребете го вашиот шарм и придобијте ги непријателите на работното место.
Љубов – нова авантура на повидок со неочекувана личност, која ќе ви ги залечи раните на срцето, најпрво со убаво пријателство а потоа со многу повеќе од тоа.
Здравје – внимавајте како кревате тешки предмети, правете го тоа прво со клечење. За да немате проблеми ве предупредуваме со време. Побарајте во аптека некој лек за јакнење на коските. Вечерните прошетки добро ќе ви дојдат, бидејќи сте пасивни во последно време.
ДЕВИЦА
Работа – приливот на пари неочекувано споро ќе пристига, но вие сте мудри и штедливи, ништо не може да ве изненади. Вие сте личност која е спремна за сите ситуации така и за оваа. На работа, некој од колегите ќе ви најде мали недостатоци во работата, не грижете за тие ситници, на вас е да работите додека другите ве оговараат зад грб.
Љубов – ќе ви треба доста енергија. Ако сте во врска која поминува низ криза, тогаш е подобро со партнерот да одпатувате посебно, тоа ќе биде тест за двајцата.
Здравје – немате енергија, внимавајте на исхраната, нека биде добро балансирана и што повеќе пијалоци, енергетските ќе ви ја вратат потребната енергија.
ВАГА
Работа – финансиите ви се мопалку важни отколу личната потреба од промоција. Ве хранат наградите и фалењето а тоа наскоро ќе дојде, благодарејќи на вашиот труд. Секако, тоа ќе предизвика љубомора кај дел од колегите. Ви предстои неочекуван прилив на пари. На вас е само да препознаете од каде би можеле парите  да дојдат и едноставно, да ги земете.
Љубов – пасивни и занемарени сте во последно време, па не посветувате доволно внимание на надворешниот изглед. Ве советуваме да се потрудите околу сето ова и малку да поработите на сопствената судбина..
Здравје – ви прети зголемување на килограмите како последица на некои фрустрации, се повлекувате во себе а тоа води кон депресија. Разговарајте со личност од доверба или стручно лице, многу ќе ви помогне. Помалку храна и стрес и ќе тргне во права насока.
ШКОРПИЈА
Работа – одлични резултати за шкорпиите кои работат со странски фирми и за сите оние кои работат на полето на туризмот, што е и очекувано во овој период. Останатите, неуспехот на работното место, претворете го во нешто добро за вас и проучете каде сте погрешиле, Таа лекција употребете ја во иднина, добро ќе ви дојде.
Љубов – работете на квалитетот на вашата врска, сокијте ги маните кои ги имате, така да партнерот нема да бара други работи надвор од оваа врска, бидејќи се што сака го има кај вас.
Здравје – возможно е да ве фати мала депресија затоа излезете на сонце, најдете друштво и се бргу ќе помине.
СТРЕЛЕЦ
Работа – ве очекува реализација на зголемените работни обврски кои со помош на пријателите и колегите кои ви се добри сојузници во работата, ќе ја завршите до крај на седмицава. Приливот на пари не престанува. Навистина се ви оди од рака оваа недела.
Љубов – поработете со партнерот на полето на комуникацијата. Под стрес сте во секојденевниот живо,т а тоа се чувствува и во емотивната врска која пати од тоа.
здравје- Превентивата е најумната работа. Би било добро да закажете преглед кај вашиот лекар. Чувајте го грлото од студени пијалоци кои за вас се штетни, без разлика на топлото време.
ЈАРЕЦ
работа – доколку имате свој приватен бизнис, оваа недела ќе имате голем финансиска прилив на пари. Јарците кои бараат работа, оваа седмица шансите им се големи, додека другите одмараат.
Љубов – ќе бидете силно заведени од личност која е во еден од овие хороскопски знаци, вага,јарец или лав. Ќе имате авантура, можеби и само ена ноќ а вие силно ќе се заљубите.
Здравје – внимавајте на алергии од сонце или овошје, како и на изгореници. Затоа, пијте колку што можете повеќе течности.
ВОДОЛИЈА
работа – завршете го зголемениот обем на незавршените работни задачи, па потоа растеретени од се, одете на одмор. Одморени и полни со елан ќе се вратите на работа и ви следи многу успешен период.
Љубов – Потребно ви е весело и позитивно расположено друштво. Само така можете да запознаете интересна личност за вас. Читајте повеќе и работете на својот интелект.
Здравје – доколку имате серозни и долготрајни проблеми, јавете се кај вашиот лекар, кажете му се, ќе имате голема помош.
РИБИ
работа – рибите кои бараат работа, им претстои успех оваа седмица. Полни сте со елан и желба за докажување. Останатие кои работат, ако целта ви е напредување на работното место, сега е времето да се докажете на работа.
Љубов –  Имате потреба за нешто ново, нешто радикално, но се плашите тоа да му го кажете на партнерот од страв дека нема да може да ве разбере. И во право сте. Трпеливо, изберете го вистинското време и зборови и се ќе биде во ред.
Здравје – добро, но сепак поработете на вашиот имунитет користејќи ги благодетите од сонцето и овошјето.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто е љубов?
Следна објаваРазбудете го сонувачот во себе си | Паркот (Adamelo Brent)
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ