Моден стил: Бел бохо топ

Летна блуза за секакви комбинации и пригоди.

0

Доколку сте дама која сака да изгледа поинаку, а сепак стилски и шик, тогаш белата бохо блуза е задолжително парче во вашата летна гардероба. Боемските и дезенирани бели топови се денес достапни во изобилство од стилови и кроеви, со широка понуда на модели за сечиј вкус. Можете да ги забележите секаде, на модните писти и градските улици, на плажите и летните фестивали, а се’ почесто ги комбинираат и бизнис дамите за деловен изглед во канцеларија. Од чисто бели до блузи со нежни и слатки везови во боја, боемските топови се присутни на модната сцена подолго време. Масовна популарност стекнуваат во 70-тите години од минатиот век, а оваа сезона повторно се враќаат како вистински хит на летото. Зависно од пригодата, постојат безброј начини на кои можете да ги носите, со голема слобода на избор. Од опуштен летен изглед со тексас шорц и шешир, преку софистициран аутфит со кожена сукња или панталони, па се’ до омилената бикини варијанта за на море, белиот бохо топ одговара со буквално се’. Притоа имајте на ум: пријатниот бохо топ е синоним за релаксиран и лежерен стил, па водете се од правилото – едноставно и забавно. Во продолжение, ви претставуваме неколку инспиративни предлози како се’ можете да се облечете. Погледнете ги фотографиите и одберете го вашиот фаворит.

+ Погледнете и: Бохо комбинации за лето.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 23А 24 25 26 28

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДом во смирени бои
Следна објаваШто е љубов?
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ