Стивен Спилберг не носи во спектакуларна авантура со диносаурусите.

Jurassic_World_IMG1_big

Добродојдовте во „Светот Јура“. Добродојдовте во овој луксузен парк каде илјадници гости се воодушевуваат на најголемите и најинтересни праисториски животни. Паркот се наоѓа на островот недалеку од Костарика и е најсовременото чудо на технологијата исполнето со атракции кои ги оствааат посетителите без здив. Децата можат да јаваат минијатурни трицептопси; гостите можат да се воодушевуваат на мозаурот кој излегува од длабочината на базенот кој вивнувајќи се во воздухот го јаде мамецот од голема бела ајкула која виси; фрапираните родители можат со сигурност да ги проучуваат диносаурусите од сите големини и облици кои слободно шетаат.

Jurassic_World_IMG2_big

Стивен Спилберг се враќа како извршен продуцент на долгоочекуваното продолжение за „Паркот Јура“. Откако сними уште два филма сместени во истиот свет, Спилберг се сврте кон други проекти, но никогаш не заборави на оваа приказна. Со помошта на талентираните сценаристи замислувал како би изгледа паркот, конципиран пред дваесет и две години, доколку тој е навистина изграден.

Jurassic_World_IMG3_big

Наскоро тој ги здружува силите заедно со Френк Маршал, еден од најуспешните продуценти на денешницата а воедно и негов долгогодишен пријател, и со искусниот продуцент Патрик Краули. Приказната на филмот се одвива 22 години по случувања во „Паркот Јура“. Сега, на островот Нублар, се наоѓа вистински тематски парк посветен на диносаурусите со име „Светот Јура“, точно онаков каков што Џон Хамонд првично и го замислуваше. Но, ниту пак оваа атракција е сосема безопасна.

Jurassic_World_IMG4_big

Иако многу искусни режисери беа заинтересирани за повторно впуштање во една од најомилените приказни до сега, Спилберг, Маршал и Краули барале особа која ќе внесе нешто ново и креативно, а истовремено ќе го почитува духот и пораката на приказната. Својот наследник го пронашле во новиот талент – Колин Треваро. Како што сме навикнале на Спилберговите филмови, гледачите ќе ја искусат магијата на светот Јура од перспектива на детето. „Случувањата во филмот се раскажани на доста интересен начин, бидејќи гледачите прво го доживуваат светот Јура низ очите на Греј“, објаснува Маршал. „Колин веруваше дека тоа е значајно – сакаше прво да уживаме во величенствениот парк, а тоа ни успеа благодарејќи на перспективата на ова момче.“

Jurassic_World_IMG5_big

 ,,Паркот Јура’’ пристигна во кината во 1993 година и остави незаборавна трага на гледачите ширум светот. Ги остави без здив, прашувајќи се: „Дали ова навистина може да се случи?“ Филмот одреди како треба да изгледа голем летен кино хит и ни ги подари највпечатливите слики и звуци кои до тогаш можеа да се видат и слушнат на платното. За таа доба беа осмислени визуелни ефекти користејќи ја најнапредната технологија, кои ни дозволија за момент да поверуваме дека дојде денот кога диносаурусите повторно чекорат по Земјата. Спојувајќи го знаењето со безграничната фантазија, не предупреди дека можни се тешки последици доколку се поигруваме со природата. Го очекувавме следниот момент на возбуда. Денес повторно ја имаме можноста да бидеме сведоци на таа незаборавна приказна и паркот кој порано беше само ветување, а денес остварена фантазија.

Jurassic_World_IMG6_big

Премиерното прикажување на „Светот Јура’’ пред македонската публика беше на 11.06.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнтересни скулптури од дрво
Следна објаваМодни трендови кои треба да ги избегнувате и прифатите ова лето
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ