Овен
Работа
Оваа недела нема да имате некои големи деловни средби и финансиски успеси, се ќе биде како порано, само што голем дел од вас кои се на одмор и оние кои не биле на одмор, неделата ќе ја поминат со некои шаблонски работи. На работното место, потпрете се на пријателите и деловните партнери, нечија помош ќе ви дојде добро, а резултатите од таквата соработка ќе ви стигнат на крај од месецот. Личноста мора да биде од доверба како побрзо би стигнале до целта.
Љубов
Во вашето емотивно поле ја имате Венера. За оние и малку се разбираат во астрологијата, доволно е да се каже, ќе бидете многу задоволни. Вашите емоции ќе бидат на многу високо ниво со кои ќе го дарувате партнерот, љубовта ќе биде возвратена и целиот месец ќе бидете заљубени. Ако одите на одмор, тоа ќе биде еден од најромантичните, бидејки и Јупитер ја подржува вашата љубов.
Здравје
Здравјето ви е добро, немате никакви проблеми.
Бик
Работа
Оваа недела, комуникација ќе ви биде на многу високо ниво, разговарајте со вашите пријатели, деловни партнери, шефовите нека знаат дека сакате да работите повеќе и да сте платени за тоа. Периодов ви е поволен и искористете го тоа.
Љубов
Оваа недела сте под заштита на моќниот Јупитер, планета на љубовта и среќата. Можни се мали турбуленции или краткорочни конфликти со вашиот партнер, па бидете внимателни и делувајте разумно, не влегувајте во расправија. Кога ќе видите дека вашиот партнер инсистира да се дискутира за некои тривијални работи, кажете  си дека тоа зборува Марс, а не вашиот партнер. Љубовта ќе ви биде посилна, сепак Јупитер е доминантен.
Здравје
Здрави сте и полни со енергија. Внимавајте од летните закани, сончаница, дехидрање, изгоретини. Запомнете дека  дневно се губат 2-3 литри течност која мора да се надокнади, затоа оваа недела не се оди никаде без шише вода.
Лав
Работа
Оваа недела не ветува многу во однос на зголемување на финансиите. Време е на одмори па така и активностите на работата страдаат. Не ризикувајте и не работете ништо што не е сигурно. Не му подметнувајте нога на колегата, може да ви се врати двапати.
Љубов
Саканата личност силно ве шармираше, па потоа ве разочара и сега сте бесни на неа. Но најмногу сте лути на самиот себеси, што си дозволивте силна страст и да се најдете во таква ситуација. Но затоа многу брзо ви следи ново пријателство и многу повеќе од тоа.
Здравје
Ви препорачуваме нешто за зајакнување на коските, погледнете во аптеките и повеќе ноќни прошетки.
 
Девица 
Работа
Наредниот период е период на смиреност, а знаете дека по секоја пауза следи период на турбулентни настани. Вие сте тип на човек кој сакаакција во секој поглед, така што овој период нема да ги донесе очекуваните возбуди. Ние веруваме дека го имате испланирано вашиот годишен одмор во согласност со вашите желби, наполнете ги батериите и наскоро во нови предизвици.
Љубов
Вие сте егоцентрични и не се согласувате со изборот на местото за летување со вашата сакана личност. Додека вашиот партнер бара предизвици и возбуда, го бара авантуристички дух од вас, може да ви предложи да одите посебно, секој сам. Ние ви препорачуваме да не ризикувате.
Здравје
Се чувствувате слабо овие денови,сонцето не ви одговара, како да го вадите последниот атом на мускулите од вас. Ви препорачуваме многу пијалоци дури и оние енергетски како и умерена и избалансирана храна.
 
Вага
Работа
Вашата мудрост во донесувањето на важни одлуки во наредниот период ќе биде на врвот на својата моќ, бидејќи колегите се на годишен одмор имате помалку конкуренција и се може да биде по ваше. Вашиот брилијантен ум кој бара ред, мир и спокојство, ќе ги реши сите проблеми на работа. Кога другите дремат, вие сте како машина.
Љубов
Стабилната и убава емотивна врска ќе трае. Сосема сте задоволни, особено на надворешноста која е пропорционална со внатрешната убавина, а вие сакате рамнотежа. Вие сте апсолутно идеален и сакан партнер.
Здравје
Дебелината се заканува,заради акумулација на фрустрации и недостаток на разбирање во животната средина,се повлекувате во себе си. Разговор со некој кому му верувате или стручно лице ќе биде од голема помош Значи исхрана и стрес на минимум и ќе биде во ред.
 
Шкорпија
Работа
Ништо лошо не ве очекува, ќе морате да работите повеќе од вообичаено како би го завршиле проектот кој го работевте шаблонски. Еденпериод беше непродуктивни пред вас, па затоа ќе биде најдобро да одите некаде оваа недела и навистина да се одморите, а потоа по одморот во нови работни победи. Чувствувате замор, концентрацијата и мотивацијата не се баш на ниво, па затоа се чувствувате помалку корисни на работното место.
Љубов
Што се однесува до љубовта, се ќе оди како треба. Потполно сте му предадени на партнерот.
Здравје
Внимавајте на депресија и повлекување во себе. Излегувајте што повеќе на свеж воздух и размислувајте за позитивни работи.
Стрелец
Работа
Ви советуваме да внимавате со парите, бидејќи стекнатите се трошат бргу. Имате соработници на кои можете да им верувате. Информациите кои ќе ги добиете од други, предходно проверете ги, затоа што истите со радост сакаат да ви го свртат грбот. Сепак, ќе имате среќа оваа недела бидејки планетите ве чуваат давајки ви огромна доза на самодоверба.
Љубов
Планетата на љубовта е во вашето поле на интимните односи и нежност, така што немате никакви проблеми, и ќе се чувствувате подобро.
Здравје
Овие денови, би било добро да се закаже барем еден општ лекарски преглед, а доколку е потребно за подетален преглед, ќе дознаете на време за да се спречи нешто сериозно. Превенцијата е најдобра работа.
Јарец
Работа
Фокусирајте се на потпишувањето на еден договор.Работите ќе се одвиваат според вашиот план. Промените на врвот на фирмата во која работите би можеле да предизвикаат турболенции со неочекуван расплет, па можно е да бидете наградени.
Љубов
Копнеете по топол и толерантен партнер, кој лесно би ви простувал и би ве вразумил. И самите знаете дека не сте едноставна личност и дека понекогаш е тешко да ве следат во вашите барања.
Здравје
Внимавајте што и колку јадете. Јдете повеќе сирова храна.
Релаксирајте се гледајќи филмови без емотивни драми и што повеќе утрински прошетки.
Водолија
Работа
Размислувате за дополнителна работа. Добар период ви следи и заслужено ќе ги добиете наградите за вашиот труд. Оваа недела за вас е најважно што повеќе да се дружите и да собирате нови контакти. Неочекувана покана од странство од роднина или пријател, ќе го поттикне вашето размислување за живот во друга земја. Опкружени сте со влијателни луѓе кои што многу ќе ви помогнат.
Љубов
Ви се укажува можност реално да согледате кој е вашиот партнер и каква е башата врска. На слободните водолии летото ќе им донесе еден куп нови познанства, добро друштво и авантура.
Здравје 
Многу стрес и лоша храна во чинијата. Тоа не смеете да му го правите на вашиот организам.
Риби
Работа
Иако е време на одмори,ќе бидете активни на деловно поле од сега па се до крај на летото. На работното место ќе препознаете на кого не би требало да му верувате. Работата ќе ја преселите во сопствениот дом и че започнете приватен бизнис.
Љубов
На видик е брак или заеднички живот, а моожно е и проширување на сенејството.Партнерот че ја освојувајавноста и деловните соработници, додека пак вие блескате покрај него кроејќи планови.
Здравје
Одлично. Ви следи период во кој ќе се чувствувате полни со енергија и во форма, а со тоа и задоволни сами со себеси.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваCasa Maserati | Shopping Center and Lounge Bar
Следна објаваВалета | Бисерот на Малта
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР