nas

Никогаш не сум барал доказ повеќе
за да докажам дека сакам.
Едноставно,
секогаш сум бил вљубен.
За тоа нека зборуваат моите песни,
фотографиите
и азбуката што моето срце вечно
ќе го вбројува во лесноскршлива материја.
Во мојата историја нема победници,
јас сум тој, кој секогаш позитивно губи.
Затоа најмногу го сакам љубовниот пораз.
Еднаш, на музата ѝ 
напишав „никогаш да не ме заборави.”
Денес наликувам на гостин
кој секое утро,
повторно влегува во својот живот.
Се сеќавам на сите допири,
на мирисите, на ролнотијата
и на косите што го бакнуваа сонцето.
Јас секогаш сум сакал 
да верувам дека е така-

жената е нешто што не може, а да не се сака!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАдидас, креираше патики од пластичниот отпад најден во океаните
Следна објаваНурнете се во уживање | Library Hotel Spa
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР