000

Летото е сезона полна со модни предизвици. Еден од нив е како да се изгледате убаво, модерно и шик на градските улици, а истовремено да имате што помалку облека и аксесоари на себе. Императив е комфорот, односно да се чувствувате комотно и опуштено во она што го носите на себе. За таа намена, комбинирајте неколку лесни парчиња облека, изработени од пријатни материјали и со лежерни кроеви, или, пак, одлучете се за летни комбинезони и лелеави фустани. Одберете пред се’ удобни летни обувки, а при изборот на модни детали, секогаш дадете предност на очила за сонце и/или шешир,  кои покрај тоа што ќе му дадат личен печат на вашиот летен аутфит, умешно ќе ве заштитат и од сончевите зраци. Доколку температурите се нешто пониски и налагаат слоевито облекување, тогаш тексас јакните се секогаш полн погодок. Во продолжение, ви претставуваме неколку инспиративни идеи и стилски предлози за непретенциозен, но ефектен изглед на жешкиот асфалт, пркосејќи им на високите температури. Погледнете ги фотографиите и одберете ја омилената комбинација за престојната недела.

001 002 003004 005 006 007 008 009 010 011 012 013 014 015 016 017 018 019 020 021 022 023 024 025 026 027 028 029 030

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНевеста во Борџии – Џин Калогридис
Следна објаваAston Martin со новиот „ѕвер“ на Гудвуд
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ