Стан со морска тема

Вистинска летна магија во ентериерот.

000

Љубители сте на плажа, сонце и море? Погледнете како изгледа ентериерот каде магијата на летото e присутна 365 дена во годината. Ви претставуваме несекојдневно убав и пријатен дом во кој насекаде се чувствуваат светлината, смиреноста и сензуалноста на морската атмосфера. Станува збор креативно уреден и интересно стилизиран стан, дело на архитектата Марина Кутузова од дизајнерското студио ДЕТАЛИ. Станбениот простор е максимално удобен и функционален, а притоа изгледа неодоливо привлечно и опуштено, со амбиент кој умешно ги пресликува тоновите на морето и плажата. Изборот на бои се сведува на комбинација на белата, сивата, кафената и различните нијанси на сина боја, а надополнети се од сончевите жолти акценти. Креираат смирен и релаксирачки амбиент и се вистински празник за сетилата.  Деликатната комбинација на летни тонови, во тандем со внимателниот избор на детали со морски мотиви се покажува како добитната формула во дизајнот на овој компактно уреден простор. Погледнете и прoсудете сами.

001

002

003

004

005

06

007

008

009

010

011

012

013

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНежни фотографии во пастелни бои
Следна објаваБисерот на азурниот брег “Villa Ulysse”
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ