Што звучи подобро од попуст на книги?
70% попуст на книги!

Во пресрет на овогодинешниот летен Фестивал на книгата, како што велат од ТРИ – „Времето поминато со книга е време на бескрајно уживање, патување низ нови непознати светови и истражување на возбудливи места и приказни. Исто онака како што летото е време на авантури, патувања, нови дестинации и ликови. Затоа книгата и летото се совршен пар за незаборавна летна приказна. А ние ќе го направиме ова лето неповторливо со  Летниот фестивал на книгата. Од 20 јуни до 31 август, ТРИ е вашата дестинација од каде што започнува секоја летна авантура!“, што всушност се потврдува преку фактот што освен што нивните изданија ќе бидат понудени по фестивалски цени, истото ќе го направат и со шестте други издавачки куќи кои се на дофат во кафе-книжарница ТРИ.

.1.

Она што ТРИ го подготви како свој летен новитет се наоѓа во следнава листа:

1. Лето во Италија од Дејвид Мекфарлан,
2. Двојна измама од Џејмс Патерсон,
3. Зошто мажите не слушаат, а жените не знаат да читаат мапи од Ален и Барбара Пиз,
4. Духови од новиот аргентински мајстор на перото Цесар Аира ,
5. новата едиција европски наслови Променада… Дополнително, и огромен број странски и домашни наслови ќе бидат по навистина достапни цени, за вистинско летно освежување и уживање.

.2.

Тука не завршуваат изненадувањата…

ТРИ подготви и интересна наградна игра каде преку книга, освен бројните уживања и искуства на Вашата сметка – може да добиете и патувања за двајца. Она што треба да го направите е да ја посетите кафе-книжарница ТРИ. Патем, користејќи го хаштагот #ПатувамСоКнига испраќајте ги најинтересните и најзабавните летни фотографии со изданијата на ТРИ: освен наградите, најдобрите фотографии ќе бидат изложени во Книжарницата ТРИ, во ГТЦ.

.3.

Ако мислевте дека тоа е сè за ова лето, почекајте уште неколку редови подолу.
Секоја од десетте недели последователно ќе понуди поинакво тематско доживување, започнувајќи со промовирање на најновите изданија објавени на македонски. Фестивалот ќе продолжи со специјална промоција на трилер-романите, на најдоброто од европската литература, на филмувани наслови, на есенцијалните летни читанки, а за оние што ќе одлучат летото да го поминат читајќи, ќе бидат подготвени посебни тематски пакети, со дополнителен попуст и подарок.

Преубавата книжевно-фестивалска дружба само што започна. Со ТРИ, ова нека биде лето за паметење!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛуксузен ресорт на еколошка платформа
Следна објаваПредлози што да облечете за годишен одмор?
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ