0

Секое откритие на напуштени градби е посебно, но оние прекриени со зеленило ги ловат погледите на посебен начин. Кога и да се појават фотографии на објекти кои ги создал човекот, а кои со години се напуштени, тешко е да не ги забележите, особено кога природата настојува да ги врати под своја закрила. Ви претставуваме неверојатни фотографии од едно токму такво место, прикажувајќи како одамна напуштено рибарско село е претворено во зелена земја на чудата, креација на мајката природа. Се наоѓа на островот Шенгшан, еден од речиси 400-те острови кои го сочинуваат архипелагот Шенгси, a лежат на истокот од кинеската крајбрежна провинција. Времето овде застанува, додека лозите се искачуваат по старите камени ѕидови, ткаат преку прозорците и вратите, и ползат по стутканите патеки на напуштеното рибарско село во Кина. Qing Jian е фотографка од Шангај, која неодамнешната посета на Шенгшан ја искористила да ја овековечи мистиката и хармонијата на ова осамено место. Фотографиите го одземаат здивот, откривајќи ги навидум бесконечните градби во зелено руво. Погледнете.1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

СПОДЕЛИ
Претходна објава[Филм] Свита
Следна објаваОдлична акустична верзија на “Beat It”
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ